„Луфтханза“ за утре откажува 1200 летови
6 септември 2012„Луфтханза“ се надева дека ќе може да ги изведе останатите утрешни (07.09) 600 летови, соопшти портпаролот на авиокомпанијата. За таа цел можно е ангажирање и на авионите на фирмите-ќерки АУА и Свис, гласат шпекулациите.
Синдикатот на кабинскиот персонал УФО најави за утре генерален целодневен штрајк на сите аеродроми. УФО бара зголемување на платите за пет проценти и авиокомпанијата да се откаже од основање фирми каде вработените ќе имаат пониски плати. „Луфтханза“ нуди зголемување на заработувачките за 3,5 насто, откажување од работните договори на одредено време и откази во случај на потреби на претпријатието. За возврат кабинскиот персонал треба да работи два часа повеќе или да прифати помал надомест за прекувремените работни часови.
Вчера, за време на вториот ден кога имаше прекин на работата, беа откажани околу 300 летови до и од европските дестинации на германскиот авиопревозник, а погодени беа повеќе од 30 илјади патници.