1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Луфтханза укинува 3.500 работни места

ЖА/АТ/дапд3 мај 2012

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ во рамките на својата програма за штедење во идните години ќе затвори околу 3.500 постојани работни места во управата низ своите филијали во светот.

https://p.dw.com/p/14oV3
Фотографија: Lufthansa

Отпуштањето на работниците ќе биде изведено според што е можно поповолни социјални услови, изјави првиот човек на компанијата, Кристоф Франц, во Франкфурт на Mајна. Во првиот квартал годинава во оперативниот сектор е регистриран минус од 381 милион евра. Според раководството на „Луфтханза“, причината за големите загуби се високите цени на горивото, како и данокот на авионскиот сообраќај, а кон тоа се надополнуваат и трошоците за трговијата со гасови кои се во важност од почетокот на 2012-та година. Прометот кој го остварила „Луфтханза“ лани е зголемен за 5,6 проценти, на 6,6 милијарди евра.

Најавеното кратење работни места е дел од програмата за штедење со која авиокомпанијата планира да го подобри својот резултат до крајот на 2014-та година за 1,5 милијарди евра. За таа цел административните трошоци треда да се намалат за една четвртина.

Оваа програма за штедење е веќе втора по ред. „Луфтханза“ ја најави уште минатиот месец, но не соопшти за бројот на укинати работни места.