Мадуро бара разговор со Трамп
11 август 2017Николас Мадуро го задолжил министерот за надворешни работи Хорхе Ареаса да организира телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп или лична средба на маргините на дебатата на Генералното собрание на ОН во септември во Њујорк.
Истовремено, зборувајќи пред Уставотворното собрание во Каракас, Мадуро во својот повеќе од тричасовен говор повторно вербално ги нападна САД и ги обвини дека стојат зад нападот врз воената база на северот од Венецуела кој се случи во неделата:
„Што си мисли императорот (американскиот претседател Трамп)? Дека е владетел на светот, дека е император и дека законите од САД се спроведуваат во сите прекуморски и континентални територии? Да не мисли дека е султан? Да не мисли дека е нов крал над кралевите? Единствен крал над кралевите е нашиот господ Исус Христос. Што си мисли Доналд Трамп?“, праша Мадуро од говорницата во Каракас.
Американската влада по изборот на Уставното собрание на крајот на јули воведе санкции против Мадуро и го замрзна неговиот имот во САД. Вашингтон оценува дека Мадуро е „диктатор“, а Уставното собрание во Венецуела го критикува како „спротивно на законот“. САД воведоа санкции и против други функционери во Венецуела.