Мадуро ќе владее сам
20 ноември 2013Венецуелскиот парламент самиот си ги одзема овластувањата, а го „опреми“ со поголема моќ претседателот на земјата Николас Мадуро. Тој со декрети цела едно година смее да владее без притоа да ги прашува парламентарците за мислење. Тоа го овозможува новодонесениот Закон за овластувања, за кој гласаше социјалистичкото мнозинство во законодавниот дом во Каракас. Тоа е неопходно за повторно да се заживее економијата и да се зајакне борбата против корупцијата, рече Мадуро, кој на власт дојде во март годинава, по смртта на легендарниот левичарски претседател Хуго Чавез. Тој во текот на своето претседателствување четири пати имаше специјални овластувања.
Економијата во Венецуела, која е земја богата со нафта, е во криза. Мадуро веќе најави два закона кои треба да стапат во сила наскоро. Со едниот треба да се ограничи маржата на добивка во економијата на 15 до 30 проценти. Освен тоа, треба да биде основана нова државна институција за надгледување на продажбата во долари.