1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонското општество е најрелигиозно во Европа?

Владимир Калински 8 јануари 2013

Науката незапирливо се обидува да објасни и да одговори прашања поврзани со религијата: Што е заедничко за сите религии? Каква е општествената улога на религијата? Каков е однос кон другите институции во општеството?

https://p.dw.com/p/17Fh1
Фотографија: picture alliance/Godong/Robert Harding

Во македонското мултикултурно општество се присутни повеќе различни верски заедници и религиски групи. Галуп инетрнешнал во 2012 година објави глобална студија која покажува дека Македонците се најрелигиозна нација во Европа и меѓу првите десет во светот. Религиозноста е мерена според прашањето: „Дали за себе би рекле дека сте религиозни, нерелигиозни или убедени атеисти, независно од тоа дали посетувате места за богослужба или верски храмови“. Дури 90% од испитаниците во Македонија се изјасниле дека се религиозни.

Објективна или субјективна религиозност?

Но, колку овие податоци можат да бидат релевантни ако некој за себе вели дека е  религиозен, а не припаѓа на ниедна религиска институција? Социологот на религијата Татјана Стојановска Иванова, анализирајќи ги податоците вели дека постои дистинкција помеѓу субјективната и објективната религиозност на човекот: „Посетата на верски храмови е само еден од индикаторите според кои се одредува објективната религиозност. Друг индикатор е однесувањето според догмите кои ги проповеда религијата. Други студии кои се правени покажуваат висок степен на религиозност кај македонските граѓани на што покажуваат објективните показатели и субјективните искази.“   

Ако го земеме ваквиот факт во предвид и ако бројот на верници е навистина висок, тогаш колку религијата придонесува да имаме подобро општество? Задача на секоја религија е да шири позитивизам и морални норми кај верниците, кои треба да станат дел од нивниот морален и вредносен дискурс, вели Татјана Стојановска Иванова. Таа ја објаснува исконската улога на религијата: „Во суштина големите религии се етички системи и вткајуваат низа морални норми и вредности кои се општочовечки вредности и придонесуваат за правилен развој на личноста. Тоа значи дека таа личност ќе биде добар жител на општеството во кое живее.“

Symbolbild Religion Bibel mit Kreuz
Фотографија: fotolia/guukaa

Се доведува во прашање секуларноста на државата

Религијата има големо влијание во јавната сфера во Македонија вели професорката Стојановска Иванова. Таа истакнува дека тоа го покажуваат примерите кога свештени лица изнесуваат ставови во однос на значајни прашања за државата: „Дури се случува да прекорат одредени поединци или групи, што апсолутно се коси со канонските начела на соодветната религија. Исто така имаме, на не многу суптилен начин влијание на политичките партии во изборот на поглавар на доминантните верски заедници, што исто така не е во склад со верската доктрина.“

Deutschland Symbolbild Religion Islam und Christentum
Фотографија: picture alliance / dpa

Иако секуларноста е уставно загарантирана, Стојановска Иванова оценува дека таа често се доведува во прашање: „Тоа се случува со обидите и воведувањето на верска поука, што значи изворно интерпретирање на црковната доктрина и практицирање на секој религиски ритуал. Исто така со присуство на свештени лица при пуштање на употреба на одредени институции. Не се дозволени ниту присуство на верски лица во образовни институции. Како социолог на религијата го осудувам секое мешање на религијата во прашања кои ја засегаат државата и обратно. Религијата треба да се занимава исклучиво со религиските догми и вистини, а за државни прашања постојат институции на системот.“

Мешањто на религијата и политиката даваат лош резултат

На оваа тема неодамна се дебатираше и на настанот „Аргумент“, организиран од невладината Младински образовен форум. Ставови изнесуваа универзитетски професори, новинари, актери, граѓани. Ви пренесуваме дел од изјавите:

Професорот на Филозофскиот факултет во Скопје, Ферид Мухиќ е со став дека религијата не само што го унапредува општеството, туку религијата е услов за постоењето на општеството. „Не постоеше нуту едно општество без претходно да се формулираат религиозните ставови.“

Професорот на Правниот факултет Љубомир Фрчкоски истакна дека организираната религија има најштетен однос кон политиката односно мешањето во политиката. „Тој однос кон моќта за организираната религија е неодолив. Таа се шири, почнува да се меша во образованието, а тоа е исклучително контра-продуктивно.“ 

Titel: Ljubomir Frckoski Stichwort: Ljubomir Frckoski ---- Weitergeleitet von Elizabeta Milosevska/FMBN/DWD am 18.12.2007 13:40 ----- "Dragan Todorovski" 18.12.2007 11:32 Hiermit trete ich, Dragan Todorovski, die Rechte für die Nutzung des Bildes an die Online Redaktion der DW. DT
Љубомир ФрчкоскиФотографија: Ljubomir Frckoski

Актерот Владо Јовановски вели дека религијата позитивно влијае врз општеството и тоа го покажуваат изворните пораки кои произлегуваат од светите книги како што се Библијата и Куранот.

Билјана Ванковска, професор на Филозофскиот факултет: „Религијата е човечка конструккција, и е создадена од човекот, таа не е божја. Религијата била услов за постоење на општеството кога луѓето биле исплашени или немале одговори за многу прашања. Со векови наназад религиите прават злосторства, а немаат доблест тоа да го признаат.“

Отец Игор Калпаковски: Религијата не мора да биде насилна, има многу простор за толеранција и не се согласувам дека религијата е врзана со насилството. Точно е дека таа е многу погодна за манипулирање и дека е многу манипулирана и злоупотебувана во текот на историјата.“

Сашо Мацановски Трендо – новинар: „Јас суштински верувам во ѕидот помеѓу државата и религијата. Мислам дека се тоа две различни приказни. Постојат илјадници примери кога ќе се спојат религијата и политиката и тоа дава многу лоши резултати.“