1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонците во Албанија бараат да не се одземаат нивните права

АМ/макфакс15 август 2014

Македонците во Албанија побараа од претседателот на државата Бујар Нишани да го врати повторно во Собрание новиот закон за административна територијална поделба кој беше усвоен и покрај несогласувањето на малцинствата.

https://p.dw.com/p/1CvCo
Фотографија: Fotolia/Matthias Krüttgen

Друштвото на Македонците „Илинден“ упати писмо до Нишани, во кое се изразува уверување дека претседателот, во согласност со Уставот, нема да го потпише законот и така ќе ја заштити декомратијата во земјата.

Македонското малцинство во Албанија смета дека со соединување на општините во Голо Брдо и Гора се прави чекор назад за правата на малцинствата во Албанија.

„Областите Голо Брдо и Гора и со админстративната поделба во 1913 година се како посебни административни единици“, се нагласува во писмото и притоа се додава дека со оваа нова поделба се газат сите демографски, географски, економски и културни критериуми во областите на Голо Брдо и Гора.

Bujar Nishani
Бујар НишаниФотографија: DW

„Соединувањњето на општините во Голо Брдо и Гора, како планински области, го отежнува животот на населението, така што за еден извод тие треба да патуваат повеќе од два часа“, се истакнува во писмото на здружението на Македонците „Илинден“.

Претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај за агенцијата „Макфакс“ изјави дека Македонците во Албанија на овој закон ќе се спротистават со сите демократски средства. Претходно несогласувањето со овој закон Македонците го искажаа и со писма упатени и до меѓународниот фактор, со цел да ги изнесат аргументите зошто овој нов закон е директно против правата на малцинствата во Албанија.