1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Макрон би ја поддржал Меркел на чело на Еврокомисијата

СН/ агенции
12 јуни 2019

На Европа, според францускиот претседател, ѝ се неопходни нови силни лица. Германската канцеларка меѓутоа досега беше децидна дека по завршувањето на актуелниот мандат заминува во политичка пензија.

https://p.dw.com/p/3KCpE
Emmanuel Macron und Angela Merkel
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека би ја поддржал германската канцеларка Ангела Меркел кога таа би сакала да дојде на чело на Европската комисија.

Францускиот лидер изјави оти на Унијата ѝ е потребен некој кој е силен на чело на извршното тело на ЕУ, но дека нема да настојува да влијае на Меркел, повикувајќи се на нивното пријателство.

„Кога таа би го сакала тоа, би ја поддржал“, изјави Макрон за швајцарскиот јавен сервис. Меркел минатиот месец рече оти не сака да биде на чело на ЕК, ниту дека сака да има каква било друга политичка функција по заминувањето од канцеларската функција.

Повеќе:

-ЕУ-расправија за врвните позиции

-Судир на Меркел и Макрон околу идниот претседател на ЕК

-Ангела Меркел и иднината на ЕУ

Europaflaggen vor dem Hauptquartier der Europäischen Kommission in Brüssel
Фотографија: Reuters/Y. Herman

Таа го поддржува германскиот пратеник во Европскиот парламент, Манфред Вебер, да го замени сегашниот претседател на ЕК, Жан-Клод Јункер, чијшто петгодишен мандат на чело на Комисијата завршува годинава. Јункер вчера и самиот се изјасни за можната преселба на Меркел во Брисел, истакнувајќи дека не верува оти ова повторно ќе биде тема. „Бидејќи ја сакам оваа жена, не би ѝ го посакал тоа“. Тој уште истакна оти ја цени Меркел меѓу другото и поради тоа што секогаш јасно кажува кога нејзиното политичко мислење се менува. „Таа не е провидна, туку е транспарентна“.

Меркел во октомври минатата година рече дека нема да бара реизбор по истекувањето на нејзиниот четврти мандат на местото канцеларка во 2021 година и истовремено исклучи дека по канцеларската ќе преземе висока функција во ЕУ.  

Меркел и Макрон во Женева учествуваа на заседанието на конференцијата на Меѓународната организација на трудот.