1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МАНУ и БАН заеднички ги чествуваа Св. Кирил и Методиј

Александар Методијев/бта/миа11 мај 2014

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Бугарската академија на науките денеска (БАН) заедно го чествуваа празникот Св. Кирил и Методиј во Софија, соопштија од прес-центарот на БАН.

https://p.dw.com/p/1Bxug
Фотографија: Petr Stojanovski

Делегацијата на МАНУ била предводена од нејзиниот претседател Владо Камбовски и пристигнала во посека на БАН по покана на нејзиниот претседател, академик Стефан Воденичаров.

Раководството на БАН и членовите на делегацијата од МАНУ положија венци со цвеќе на споменикот на Св. Кирил и Методиј во Софија. Претседателите на двете академии присуствувале на свечена литургија во храмот „Александар Невски“.

При отворањето на собирот во Големиот салон на БАН, академикот Стефан Воденичаров ги поздравил гостите и потцртал: „Заедничкото одбележување на празникот е знак за споделување на нашите општи духовни вредности“.

Македонскиот академик Владо Камбовски се заблагодарил за гостопримството и потенцирал дека науката и културата се универзална формула за зближување на народите, тие се една отворена врата и за нив државните граници не се никаква пречка.

Во фоајето на БАН доц. д-р Славија Б’рлиева, директор на „Кирило-методијевскиот научен центар“ при БАН, ја претставила изложбата со експонати од Националниот археолошки институт со мизеи, Научниот архив на БАН и Националниот историски мизеј.

За време на посетата бил потпишан анекс на договорот меѓу БАН и МАНУ од 1999 година за заенички активности во 30 научни проекти, кои ќе се реализираат во период од три години.

Македонската агенција МИА јави дека во Софија ќе биде присутна и делегација на Македонската православна црква, предводена од архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.