Маратонски меч
29 јануари 2012Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ победи на првиот Грен- слем турнир во 2012-та година победувајќи го второпласираниот на АТП листата, Рафаел Надал со 3:2 во сетови во епското финале кое траеше пет часови и 53 минути. Ова имено е најдолгиот финален меч на еден Грен слем турнир во историјата на професионалниот тенис. Ѓоковиќ ги освои вториот и третиот сет со 6:4 и 6:2 и финалниот петти сет со 7:5. На Надал пак му припаднаа првиот и четвртиот сет со 7:5 и 7:6.
Претходниот рекорд на најдолготрајно Гренс слем финале го држеше мечот за титулата на Отвореното првенство на САД меѓу легендарните Иван Лендл и Матс Виландер во кое последниот победи по четири часа и 54 минути игра.
За Ѓоковиќ денешната победа во финалето во Мелбурн значи и хет-трик од титули на Отвореното првенство на Австралија кое претходно го освои во 2008-ма и 2011-та година. Покрај тоа ова вкупно петти освоен Грен-слем турнир за Ѓоковиќ. Три од нив освои во минатата година.
Со овој пораз пак Надал стана првиот тенисер кој загубил во три финалиња на Грен слем турнирите последователно и тоа сите три пати од Ѓоковиќ, почнувајќи од минатогодишниот Вимблдон, преку Отвореното првенство на САД и сега во Мелбурн. Ѓоковиќ славел победа во сите седумте последни мечеви против Шпанецот и тоа секогаш во финалето.
Автор: СН/ АТ/ ртр/ афп
Редактор: А. Трајковска