Мартин Шулц останува претседател на Европскиот парламент
1 јули 2014Германскиот социјалдемократ Мартин Шулц е реизбран за претседател на Европскиот парламент. На денешната конституитивна седница на Европарламентот во Стразбур, Шулц освои 409 гласа од вкупно 612 гласови кои ги дадоа европратениците. За повторен избор на Шулц на функцијата беше неопходно апсолутно мнозинство- односно 307 гласа. На денешната седница за избор на претседател на Европарламентот за кандидатката на Зелените, Улрике Луначек, гласаа 51 европратеник.
Кандидатот на групата на радикалната левица, Пабло Иглесиас, доби исто така 51 глас и за Сајад Карим, кандидат на европските реформатори и конзервативци, гласаа 101 пратеник.
Притоа 111 европратеници биле воздржани или не го дале својот глас. На последните европски избори на крајот на мај годинава Шулц настапи како водечки кандидат на европските социјалисти и социјалдемократи за функцијата претседател на Европската комисија, меѓутоа загуби од кандидатот на Европските народни партии, Жан Клод Јункер.
Ова е втор мандат на Мартин Шулц, кој ќе трае 2,5 години, неговиот избор беше можен по склучениот договор меѓу Европските народни партии, Социјалистите и Демократите и Либералите.