Масакр во основно училиште во САД, 15 жртви
25 мај 2022Во најкрвавиот напад врз американско основно училиште во последната деценија животите ги загубија 15 лица, претежно деца. Атентаторот влегол во основното училиште во Увалде, Тексас со пиштол, а веројатно и пушка и отворил оган. Се уште не е познат мотивот за нападот, но се знае дека напаѓачот бил жител на населбата. Напаѓачот најверојатно бил убиен од полицајците кои дошле на местото на нападот, но деталите од трагедијата се уште се истражуваат.
Тоа е најсмртоносниот напад во училиште во историјата на сојузната држава Тексас, и се случува четири години откако атентатор уби 10 ученици во средно училиште во Санта Фе.
„Тој пукал и убивал, страшно, несфатливо, 14 ученици и еден наставник“, изјави гувернерот на Тексас, додавајќи дека во престрелките биле застрелани и двајца полицајци но се очекува тие да преживеат.
Се уште не се знае точната бројка на повредени и ранети во нападот, но надлежните велат дека се работи за „неколкумина“. Не се знае на која возраст биле убиените ученици.
Нападот врз училиштето во Тексас се случува две недели откако атентатор отвори оган врз луѓе во супермаркет во Бафало, Њујорк, убивајќи 10 муштерии и работници во објектот.