1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Мајн Кампф“ наскоро повторно во книжарниците во Германија

Себастијан Шуберт/сн22 декември 2015

„Мајн Кампф“ - пропагандниот ракопис во кој Адолф Хитлер ја ширеше неговата расна омраза, повторно смее да се издава во Германија. За оние кои го преживеаја хоророт на нацизмот тоа е меѓутоа неподнослива мисла.

https://p.dw.com/p/1HRbD
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Karmann

Со оглед на стравотиите на Холокаустот, од 1945 година во Германија беше забрането објавување на делото на Адолф Хитлер- „Мојата борба“ или „Мајн Кампф“ (Mein Kampf). По неговото самоубиство на 30 април 1945. година, целата негова приватна сопственост, вклучително и авторските права на книгата стигнаа во рацете на покраината Баварија, бидејќи Хитлер таму го имал пријавено последното место на живеење. Во договорот со германската сојузна влада, баварската влада досега ја отфрлаше можноста за какво било ширење или печатење на книгата во Германија. Сите обиди „Мојата борба“ да се појави на германскиот пазар, имаа судски епилог. На крајот од годинава, 70 години по смртта на Адолф Хитлер, меѓутоа истекува авторското право на Баварија над делото на Хитлер и од наредната година „Мојата борба“ ќе може повторно да се објавува и продава во Германија.

Естер Бежарано ги видела стравотиите на Аушвиц. Таа таму свиреше армоника во оркестарот за девојчиња. Тоа и ја спасило тогаш. Сега би требало во Германија повторно да биде објавен Хитлеровиот пропаганден ракопис „Мајн Кампф“.

„Сметам дека тоа е многу, многу лошо...воопшто немам зборови за тоа. Не можев ни да сонувам дека такво нешто повторно може да се случи“, вели Естер Бежарано.

Погледајте го видеото на оваа тема:

Дали „Мојата борба“ денес е сѐ уште опасна?

Дали „Мојата борба“ денес е сѐ уште опасна? Тоа е дефинитивно најпознатата ретко читана книга на нашето време. Хитлер во неа ги развива неговите дехуманизирачки расни теории. Веќе во неа тој зборува за Евреите како луѓе паразити и изгледа дека го предвидува нивното подоцнежно уништување.

„Мајн Кампф“ рано најде стотици илјади купувачи. По Хитлеровото преземање на власта беше подарувана од страна на државата и објавена во тираж од преку 12 милиони примероци. По војната беше заклучена во орманот за отрови на историјата.

Кристијан Хартман сега ја вади од таму, по истекот на авторските права тој во Институтот за современа историја во Минхен изработи коментирано издание. Хартман и неговиот тим го испревртеа секој збор, пронаоѓајќи ги изворите на Хитлеровата пропаганда на омраза. Во илјадници фусноти ги разоткриваат лагите и нудат факти наместо Хитлеровите тврдења.

„Основна причина за нас беше всушност постоењето на оваа книга, книгата е во јавноста. Може да се купи во антикварници, на интернет. И има сѐ повеќе преводи. Но ниту едно од овие изданија не е систематски коментирано. И токму ние ја извршуваме оваа задача“, вели Хартман.

И Сердар Сомончу сака, луѓето да го читаат Хитлер. И самиот го направил тоа и како кабаретист со години на сцената цитираше изведоци од „Мајн Кампф“. Тој дури бара, ракописот да се најде во книжарниците, сосема без коментари. Оригиналот во денешно време повеќе не може да биде заклучен во орман.

Buchcover Hitler, Mein Kampf. Eine kritische Edition
Новото коментирано издание на „Мојата борба“Фотографија: Institut für Zeitgeschichte

„Цврсто сум уверен дека четивото од 'Мајн Кампф' никого нема да го одведе на погрешен пат. Напротив: ако некој веќе не се нашол на погрешниот пат, ќе биде застрашен од четивото од 'Мајн Кампф' , од идеологијата која е содржана во него“, вели комичарот Сомончу.

На Естер Бежерано оваа подбуцнувачка идеологија и одзеде речиси сѐ. нацистите ги убија нејзините родители и сестра ѝ. „Тоа е книга против луѓето...таа е нечовечна“ .

Естер Бежерано никогаш ја нема земено в раце „Мајн Кампф“ И така и ќе остане.

Мајн кампф“ или „Мојата борба“, дефинитивно најконтроверзната книга во Германија, цели 70 години не смееше да се продава во земјата. Но од почетокот на наредната година расистичкиот ракопис на Адолф Хитлер повторо ќе може да се појави во книжарниците во Германија.