1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МВР води истрага за насилните протести и за организаторите

ДТЗ
6 јули 2022

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави најстроги казни за организаторите и учесниците во насилните протести против францускиот предлог.

https://p.dw.com/p/4DjDY
Oliver Spasovski, Prämierminister Nordmazedoniens
Фотографија: Regierung Nordmazedoniens

Најстроги казни за учесниците во насилните протести против францускиот предлог во Скопје најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во тек е оперативна обработка и истрага за организаторите на протестите, коишто синоќа излегоа од контрола, при што беа повредени 47 полицајци, приведени се 11 лица, од кои двајца малолетници, а предизвикана е и голема материјална штета. 

Nordmazedonien: Proteste in Skopje
Епилог од протестите пред Собранието на 5 јулиФотографија: Arbnora Memeti/DW

„Сите добро знаеме кој стои зад протестите и кој повикуваше на нив. Тоа не е нешто тајно“, вели Спасовски, кој утринава заедно со раководството на МВР и БЈБ ги посетија хоспитализираните полициски службеници коишто беа потешко повредени за време на вчерашниот протест пред Собранието.  

Нови најави за инциденти 

Спасовски вели полицијата има сознанија дека слично сценарио се подготвува и за протестите коишто се најавени за вечерва. Вели дека една група подготвува и молотови коктели наменети за виталните институции во земјата, при што ги повика да се откажат од намерата, бидејќи полицијата нема да дозволи да биде загрозен ниту еден живот, ниту пак некоја од институциите.  

Proteste in Nordmazedonien
Протестите против францускиот предлог во СкопјеФотографија: Furkan Abdula/AA/picture alliance

„Најостро го осудувам насилството на протестите. Нападот на полициските службеници, нападот на институциите не е демократија, туку вандализам и насилство“, вели Спасовски,  оценувајќи дека станува збор за облик на организирано насилство кое што потсетува на случувањата од 27 април. 

Nordmazedonien: Proteste in Skopje
Епилог од протестите пред Собранието на 5 јулиФотографија: Arbnora Memeti/DW

„Триесетина лица со качулки на главата го предизвикуваат целиот овој неред. Професионалниот однос на полицијата се гледа во тоа што исклучиво се изврши интервенција врз лицата што напаѓаа и ги повредија полициските службеници. Немаме ниту еден повреден граѓанин во протестите. Приведени се само оние што напаѓаа и предизвикаа материјална штета“, вели министерот за внатрешни работи.

Тој апелираше до граѓаните на достоинствен и мирен начин да протестираат и да не дозволат да бидат изманипулирани. 

Погледнете како изгледаше вчерашниот протест од нашето видео на Фејсбук: 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема