1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Боки 13 не го платил мебелот што и го подарил на Јанева

КБ
21 август 2019

Обвинителството треба да утврди каде завршиле 1,5 милиони евра од рекетот. Мебелот кој и бил подарен на Јанева од осомничениот Бојан Јовановски, наводно не бил ни платен во салонот од каде што бил набавен.

https://p.dw.com/p/3OID6
Skopje Verhaftung von Sonderstaatsanwältin Katica Janeva
Обвинителката Катица Јанева пред пристигнувањето во СудотФотографија: DW/P. Stojanovski

Фрапантно одекна информацијата што ја соопшти државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, дека Обвинителството поседува докази дека од парите стекнати во кривичното дело Јанева добила на подарок предмети и мебел во вредност од 298.000 денари или околу 5 илјади евра.
Но, тоа е она што е досега потврдено, а допрва треба да се открие каде завршиле 1,5 милиони евра и кој го делел тој колач. 
Според извори од истрагата, споменатиот мебел и бил подарен на Јанева од осомничениот Бојан Јовановски, но наводно не бил платен во салонот од каде што бил набавен. По интервенции од продажниот салон, лице од 1ТВ донело одредена сума во евра како гаранција дека мебелот наскоро ќе биде платен, а по плаќањето гаранцијата во евра да им биде вратена. 
Покрај мебелот, најчестите подароци што Јанева ги добила од Јовановски биле парфеми, иако во јавноста се шпекулира и за бунда „Фенди“ која чинела многу повеќе од споменатиот мебел. 
Токму мебелот со полициска асистенција денеска беше изнесен од нејзиниот дом - фотелји, софа, маса и друга покуќнина, а претходно одземен беше и нејзиниот компјутер од просториите на СЈО.
Ова беше лош ден за Јанева. На нејзиното апсење и претходела веста дека утрото починала нејзината мајка, која изминативе денови била сместена во Геријатриска болница. Попладнево, пак, кратко по почетокот на нејзиниот распит во Кривичниот суд на Јанева и се слошило, па по барање на судијата била повикана екипа на Итната помош.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема