1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел апелира за вакцинирање

ЖА / дпа
22 јули 2021

Сузбивањето на пандемијата беше централна тема на веројатно последната летна прес-конференција на Меркел. Во фокусот беа и последиците од поплавите, заштита на климата и договорот со САД за гасоводот Северен тек 2.

https://p.dw.com/p/3xqGX
Berlin | Sommer-Pressekonferenz von Angela Merkel
Фотографија: Wolfgang Kumm/dpa/picture alliance

Германската канцеларка, со оглед на растечките бројки на инфицирани со коронавирус,  ги предупреди граѓаните дека и натаму претстојат тешки времиња. Германија е соочена „со очигледна, според мене загрижувачка динамика“, изјави Ангела Меркел денеска на својата веројатно последна летна прес-конференција во Берлин, на која традиционално одговара на прашања на новинарите за актуелни теми.

-повеќе: Вакцинацијата останува доброволна, но Меркел со апел до граѓаните: Вакцинирајте се

Канцеларката одново предупреди дека пандемијата може да се надмине само со здружени напори, апелирајќи граѓаните активно да ги анимираат луѓето од своето опкружување на вакцинирање. Сегашното регистрирано удвојување  на вредноста на инциденцата во последните 12 дена, Меркел го смета за драматично. Нејзиниот повик е и натаму да се почитуваат заштитните мерки: маски, дистанца, проветрување, но и редовно тестирање. Тоа е посебно важно од аспект на повторното отворање на училиштата наесен, зашто децата до 12 години не можат да се вакцинираат.

„Клучна задача ни останува спречување да дојде до преоптоварување на здравствениот систем“, порача Меркел.

Во поглед на катастрофалните поплави, Меркел побара од граѓаните здружени напори за надминување на последиците од природната непогода во западна Германија.

„За надминување на овие штети ќе ни треба време', потенцираше таа, посебно жалејќи за висоиот број на жртви во невремето – околу 170.

Целта на владата е заедничко финансирање на отстранувањето на штетите од поплавите, за што владата итно обезбеди 200 милиони евра, а со покраините во наредните денови и недели ќе бидат усогласени следните чекори и организирање заеднички фонд за обнова.

-повеќе:

 400 милиони евра итна помош за поплавените подрачја во Германија

Поплави во Германија: Климатската криза нѐ принудува да се прилагодуваме

Проверка на факти: Колкаво глобално затоплување може да преживее Земјата?

Меркел рече дека Германија постигна многу против затоплувањето на Земјата, нејзиниот мандат беше во знакот на мерки против климатски промени и форсирање на обновливи енергии, но истовремено призна и грешки на оваа тема. Како пример го истакна долгото придржување кон Кјото протоколот, кого го нарече разочарувачки процес, при што таа вложила многу сила за на меѓународна сцена да се формира мнозинство за поголема заштита на климата.

„Научната евиденција предупредува на уште поголема итност, ние политичарите мора да се обедимине околу тоа“, рече Меркел.

Постигнувањето согласност со владата на САД околу гасоводот Северен тек 2 според Меркел е добар чекор, кој меѓутоа не ги премостува сите билатерални разлики. Важно е Украина и натаму да остане транзитна земја за гасот, а енергијата да не се користи за Украина да биде доведена во тешка ситуација. Текстот околу Северен тек 2 е усогласен со американската влада, потенцираше Меркел, Конгресот е друга институција, таму постојат бројни критички гласови околу гасоводот.

-повеќе: 

Северен тек 2: САД и Германија ги закопаа секирите

Канцеларката добила ветување од Русија да не го користи гасот како оружје, но нема да се остане само на држење на зборот на Москва, туку постои и можноста од воведување санкции во случај тој да биде прекршен, потенцира Меркел.

Од надворешнополитичките теми канцеларката се осврна и на заедничката политика на азил во ЕУ, во која канцеларката и натаму гледа задача со која е потребно интензивно зафаќање. Досега не вродија со плод напорите ЕУ да постигне единствена политика за азилот, но тоа е тешко бреме за ЕУ и мора да се реши. 

„Не сте сами!“ - доброволци од сите страни помагаат по поплавите во Германија