1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел ги гледа балканските држави како идни членки на ЕУ

ЕМФ
5 јули 2021

Германската канцеларка Меркел денеска на виртуелен самит со претставници на државите од Западен Балкан ќе разговара за иднината на регионот и меѓусебната соработка. За ова таа зборува и во својот видео-подкаст.

https://p.dw.com/p/3w0zZ
Polen, Angela Merkel auf dem Westbalkan-Gipfel
Фотографија: Getty Images/J. Skarzynski

„Се радувам што можам да ја продолжам работата со шефовите на држави или влади од шесте западнобалкански земи, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија“, вели германската канцеларка Ангела Меркел во својот видео-подкаст, објавен во текот на изминатиот викенд. Таа од она што досега произлезе како резултат од досегашните конференции за Западен Балкан го издвои Младинскиот форум и оцени дека тоа претставува „убав успех“ кој овозможува размена на ученици и млади.

Според канцеларката, меѓусебното признавање на дипломите, како и напредокот во делот на сообраќајните и инфраструктурни проекти, се „важни чекори за прекугранична постојана размена која помага за намалување на задршките“. Сето тоа, нагласи канцеларката, им помага на земјите од Западен Балкан да напредуваат во исполнувањето на условите за членство во ЕУ. „Уверена сум дека порано или подоцна нивната иднина навистина е во обединета Европа“, вели Меркел.

Screenshot Podcast | Bundeskanzlerin Merkel aktuell
Својот видео-подкаст недечава канцеларката Меркел го посвети на Берлинскиот процес и виртуелната средба со лидерите од Западниот БалканФотографија: Bundeskanzleramt

Германија ја иницираше годишната средба помеѓу и ЕУ и земјите од Западен Балкан, т.н. Берлински процес, во 2014 година. Целта, според Канцлерамтот во Берлин, е да се даде што е можно поконкретен придонес за стабилност во непосредното соседство на ЕУ и за мирен дијалог на сите учесници.