1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Ги поддржуваме сите разговори кои водат до решение“

СН/ агенции
29 август 2018

Според канцеларката територијалниот интегритет каков што сега постои на Балканот е важна вредност. Таа порача дека мора да се внимава потезите на една страна да не доведат до последични потези на друга страна во регионот

https://p.dw.com/p/33v99
Kroatischer Premier Plenkovic bei Merkel
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka

Германската канцеларка потврди дека со американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарала за ситуацијата меѓу Србија и Косово. На вчерашната пресконференција во Берлин со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ таа уште истакна дека ги поддржува сите разговори кои водат кон решение во односите меѓу Белград и Приштина, но оти треба да се внимава тоа решение да не предизвика нестабилност на друго место во регионот. 

Меркел: „Мора да внимаваме“

Канцеларката уште изјави дека во саботата е постигнат некаков напредок во разговорите Белград- Приштина и оти се надева дека ќе има уште разговори меѓу сите учесници за ова прашање.

Повеќе на темата:

-Менувањето граници - реалност или пироманија?

-Балканот меѓу нов почеток и експлозија поради Косово

-Македонија мора во НАТО да го дочека српско-косовскиот расплет

Претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, разговараа за време на викендот на Европскиот форум во Алпбах и ја повикаа меѓународната заедница да го поддржи евентуалното решение до кое би се дошло во преговорите за нормализација на односите. Меркел претходно месецов јасно истакна дека нема да има промени на границите на Балканот.

Во меѓувреме советникот на Белата куќа за национална безбедност Џон Болтон истакна дека САД не исклучуваат територијални корекции меѓу Србија и Косово, додека Европската комисија соопшти дека на Белград и на Приштина треба да им се остави простор да се договорат за содржината на спогодбата за нормализација на односите.