1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел се изјасни „за“ Јункер

ЕМФ/дв30 мај 2014

Германската канцеларка Ангела Меркел се изјасни за Жан-Клод Јункер како нов шеф на Европската комисија. По изборите за ЕП Меркел досега избегнуваше јасно позиционирање.

https://p.dw.com/p/1C9Vf
Фотографија: Reuters

Германската канцеларка Ангела Меркел на Денот на католиците во Регенсбург рече: „Затоа сите разговори сега ги водам токму во овој дух, дека Жан-Клод Јункер треба да стане претседател на Европската комисија.“

Меркел по изборите за Европскиот парламент, кои се одржаа на 25 мај, досега избегнуваше цврсто изјаснување околу идниот претседател на ЕК. Претходно, Социјалдемократската партија ги притискаше Хистријанско-демократската унија и канцеларката Меркел да се изјаснат недвосмислено за кандидат за претседател на ЕК. Претседателот на СПД, Зигмар Габриел, за берлинскиот весник „Тагесшпигел“ рече: „Европа е во толку лоша состојба, што и‘ се потребни двајцата - и Јункер и Шулц“. Мартин Шулц, досегашен претседател на Европскиот парламент и кандидат на социјалдемократите на европските избори, мора да биде член на идната Европска комисија, смета Габриел. Генералниот секретар на СПД, Јасмин Фахими, пак, за „Зиддојче цајтунг“ изјави дека Меркел „мора да разјасни дали стои зад Жан-Клод Јункер како претседател на ЕК“. Канцеларката по ова прашање не треба да се крие зад британскиот премиер Камерон, оцени Фахими, додавајќи дека борбата за моќ на ниво на ЕУ се заканува да и‘ нанесе штета на „довербата во европската идеја“.