Меркел: Словенија може да помогне за прием на земјите од Балкан во ЕУ
30 август 2011Домаќинот на германската канцеларка Ангела Меркел, словенечкиот премиер, социјалдемократот Борут Пахор, денеска во Љубљана не ја заобиколи темата-проширувањето на ЕУ. Минатата недела Ангела Меркел беше во посета на Хрватска и на Србија. Словенија, истакна таа по средбата со Пахор, може да да игра важна улога при процесот на приближувањето на овие држави кон ЕУ:
„Прво, поради своето искуство, второ, затоа што Словенија во еден исклучително тежок момент покажа дека може да се најде заедничко решение за граничното прашање со Хрватска, а што беше се‘ само не едноставно. Тоа е добар пример дека европската перспектива е добра и исправна“, истакна Меркел.
Борут Пахор пак ги поддржа германско-француските напори за надминување на должничката криза во еврозоната. Пректот за заедничка европска економска влада Шахор го нарече вистински чекорво вистински правец. Овој пат, смета тој, еден ден ќе води до создавање „Соединети европски држави“.
Автор: Андреа Луег/ Жана Ацеска
Редактор: Жана Ацеска