1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: Шансите не се добри

ЕМФ
17 октомври 2019

Германската канцеларка во изјава пред самитот на ЕУ, во Бундестагот најави дека ќе направи обид да ги увери оние кои имаат скепса дека треба да ѝ се даде европска перспектива на С. Македонија. Но, шансите не се добри.

https://p.dw.com/p/3RSgU
Belgien Brüssel EU Gipfel | Angela Merkel
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Thys

Во наш заеднички европски интерес е државите од Западен Балкан да ги врземе долгорочно со Европа и ЕУ, оцени пред пратениците германската канцеларка Ангела Меркел. За тоа да успее, потенцираше таа, мора „да стоиме на нашите ветувања, на овие земји да им понудиме европска перспектива„.

Според Меркел, која во Бундестагот даде владина изјава пред самитот на ЕУ, „одржувањето на ветувањата е најдобриот предуслов за да можеме уверливо да бараме реформи и развој на правната држава од нашите соседи на Западен Балкан. Тоа е најдобриот предуслов за одржување на благосостојбата, стабилноста и безбедноста во рамките на Европа.“

Канцеларката потенцираше:

„Ние сме за тоа процесот на приклучување да се направи потранспарентен и подобар, но уверена сум дека се исплаќа да им се понуди европска перспектива на Албанија и Северна Македонија. Оваа дебата денеска ќе ја водиме во Европскиот совет и можеби ќе ги убедиме оние кои сѐ уште не се убедени, но морам да ви кажам дека шансите за постигнување единство не се добри.“ 

Меркел: Шансите не се добри