Мигрантите најдоа нов премин преку балканската рута
17 март 2018Реклама
Последниве месеци воБиХ драматично се зголемува бројот на бегалци и мигранти од регионот на Блискиот Исток. Претежно се работи за Сиријци кои бегаат од војната во нивната земја. Но, многумина од нив во БиХ не успеваат да најдат сместувалиште. Надлежните велат дека прифатните центри се преполни.
Мигрантите се снаоѓаат како знаат и умеат, па често спијат и на улица, а зависат од помошта на локалното население. Сонот им е, кога ќе затопли, да се обидат да стигнат до Германија.
Повеќе во видеото: