Миење на гревовите
21 мај 2016Реклама
Капењето е на последниот ден од Кумб-фестивалот во индискиот град Уџаин. Меѓу верниците во Кумб најмногу почитувани се т.н. Нага Садху. Тоа се голи хинду-аскети, чии тела се намачкани со пепел.
Според хинду-митологијата, боговите и демоните воделе небесна војна околу нектарот на бесмртноста, истурајќи притоа неколку капки од бокалот со нектар. Една до тие капки, како што се верува, паднала во Уџаин, што го направило еден од најсветите градови во Индија.