1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За добрите и лошите профитери од корона-кризата

Дирк Кауфман
16 мај 2020

Рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирусот се ублажуваат. Сега многумина со неверување констатираат: јас во кризата ја загубив работата, додека други заработија многу пари. Дали е тоа праведно?

https://p.dw.com/p/3c7QK
Goldbarren
Фотографија: picture-alliance/Ulrich Baumgarten

Се наметнува прашањето: кој профитира во корона-кризата? Кога авторот на овој текст минатата есен во аптека купи маски за лице, бидејќи беше настинат и не сакаше да зарази никого, тие беа толку ефтини што дури не се сеќава на цената.Маската која ја купи минатата недела го чинеше три евра. Ја направила една коројачка која во моментов нема друга можност за заработка. Во ред, тоа може да се прифати. Но кога сега маските во аптека чинат значително повеќе од пред кризата: дали е тоа за морална осуда? Една причина за тоа е фактот дека нема доволно маски. А кога побарувачката е поголема од понудата, цените растат. За тоа дека маските доаѓаат од Кина не се виновни ни аптекарите ни кројачите.

Џебови полни пари

Но, вистински профитери не се ни едните ни другите - добитници и порано беа богатите. Само што сега тие едвај можат да ги избројат парите кои ги заработија дополнително. Постои една изрека која му се припишува на римскиот цар Веспасијан: кога му забележале оти со цел да собере пари наметнал данок дури и за јавни тоалети, тој одговорил дека парите не мирисаат. Но, во контекст на оваа криза сепак би можеле да се запрашаме: дали парите сепак некогаш имаат непријатен мирис?Во фокусот се луѓето како шефот на Амазон- Џеф Безос, милијардерот и основач на Тесла - Елон Маск, шефот на Мајкрософт- Стив Балмер, големиот магнат кој работи со недвижнини- Алберт Собрат или основачот на Зум- Ерик Јуан.

Институтот за политички студии („Institute for Policy Studies“), еден од најголемите тинк-текови во Вашингтон, минатата недела објави извештај во кој имињата на овие луѓе се пример за констатацијата дека богатите стануваат сѐ побогати, додека сиромашните стануваат сѐ посиромашни - и тоа токму во контекст на сегашната криза.

Добри и лоши

Притоа, многу аналитичари се обидуваат да разликуваат меѓу „добри“ и „лоши“ добитници. Така на пример на германскиот интернет портал Телеполис, Флоријан Рецер пишува за наводно најбогатиот човек во Сингапур. Ли Хитинг, коосновач на Миндреј, производител на медицинска опрема, наводно само во еден месец станал побогат за милијарда долари. Меѓу останатото, Миндреј прозиведува и респиратори, апарати за вештачко дишење. Порачките во моментов му пристигаат од над 100 земји во светот. Тој е „добар“ добитник. Други не добиваат толку поволна оценка.

Повеќе:

-Пандемија на осиромашување

-Тапкање во корона-магла: Економските прогнози сега се безвредни

-Mафијата може да профитира од корона-кризата

На пример Амазон: компанијата профитира од мерките за ограничување од кои страдаат многу голем број луѓе. Исто како и Мајкрософт или Зум кои заработуваат пради наметнатиот режим на работа од дома - тие продаваат ресурси за видео конференции. Или оние кои тргуваат со сѐ поскапи недвижности во Силиконската долина. Сите тие, така гласи приговорот, не прават ништо добро за општеството. Наместо со алтруизам тие се водат само од алчност за профит. Некои велат дека тоа е неморално. Други одговараат: тоа е капитализам.Од друга страна многу богати и супер-богати токму сега подаруваат големи донации и тоа го објавуваат на сите ѕвона. Можеби би било подобро да плаќаат реални даноци? Но, како и да е, не е доволно да се покаже со прст кон профитерите од пандемијата, темата сепак е многу покомплексна.

Неправедноста иманентна на системот

Во САД од средината на март околу 50 милиони луѓе ги загубија работните места. Во истиот период богатството на американски милијардери, според наводите на Телеполис, пораснало за 10 отсто за 282 милијарди долари. Додека сиромашните мораат да се задоволат со еднократна помош од 1.200 долари, 43.000 американски милијардери (меѓу нив и Доналд Трамп и неговото семејство) добиваат како подарок повраток на данокот во износ од вкупно 70 милијарди долари. Флоријан Рецер пресмета: „Наместо 1.200 долари тоа е просечно 1,7 милиони за секого“.

Самите сме виновни

Кога во Европа се прозиведува премалку медицинска опрема, од маски за лице до апарати за вештачко дишење, и сме зависни од увоз, како тогаш да се осудат оние кои на тоа заработуваат, па дури и кога заработуваат премногу пари?

Секако, сега не е баш пријатно огромните пари за испорака на сѐ и сешто што го нарачуваме, осудени на седење дома, да заработува токму лицето кое со години успешно избегнува да плаќа данок во Германија. Но, кога го критикуваме Џеф Безос, не смееме да ја заборавиме ни нашата немарност.Уште само да споменеме: едно од лицата кое профитира е и Мекензи Безос, поранешната сопруга на шефот на Амазон. Во бракоразводната париница таа доби 25 насто од акциите на фирмата, со што стана една од најбогатите жени во светот. Како растевредноста на Амазон во време на корона-кризата, така расте и вредноста на нејзиниот пакет акции.