1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Минск виси помеѓу НАТО и Русија

Маркиан Остапчук | Петровскаја Галина
24 декември 2016

Белорусија потпиша повеќе договори за воена соработка со земјите од НАТО. Истовремено, се подготвува и договор за воена соработка со специјалните сили на Кремљ. Во која насока се движи Минск?

https://p.dw.com/p/2UOx8
Weißrussland Präsident Lukaschenko Symbolbild Aufhebung Sanktionen
Фотографија: Reuters/V. Fedosenko

Неодамна, белорускиот министер за одбрана Андреј Равков во Рига потпиша билатерален договор за воена соработка со Латвија. Белорусија, исто така, слични договори потпиша со Полска и САД во октомври и со Литванија во декември 2015 година.

„Воената соработка помеѓу Минск и државите членки на НАТО е добредојдена“ изјави за ДВ белорускиот политички научник Роман Јаковслевски. Тој објасни дека договорите со Латвија, Литванија и Полска, кои се земји членки на ЕУ и НАТО, се особени важни за Минск затоа што овие земји со Белорусија делат заедничка граница долга 1.250 километри.

Јаковслевски објаснува дека Минск е учесник во програмата на НАТО „Партнерство за мир“ од 1995 година, а истотака и дека карго пратки наменети за ИСАФ мисијата во Авганистан се транспортираат преку белоруската територија уште од 2011 година. Јаковслевски потенцира дека Белорусија соработува со НАТО во размена на кадети, заеднички инспекции на воени единици и набљудувањето на маневри. Сепак, белоруските војници исто така учествуваат во мировни операции кои имаат мандат на ООН.

Воен договор со Русија

Договорите за воена соработка со земјите на НАТО содржат вообичаени обрврски  - „но во моментот тие привлекуваат големо внимание“ изјави Јаковслевски. Ова се должи на тензиите кои произлегуваат од руските акции во Украина и Сирија, затоа што Минск е во воена алијанса со Москва и бидејќи Кремљ верува дека НАТО претставува закана за руските интереси.

Weißrussland Militärparade in Minsk
Фотографија: DW/E. Danejko

Јаковслевски изјави дека со договорите за воена соработка со земјите од НАТО не се во конфликт со постоечкиот воен договор помеѓу Белорусија и Русија. Според договорот со Москва, белоруската армија е интегрален дел од заедничка регионална воена групација со Русија. Според Јаковслевски, собработката со НАТО не значи и поместување на Минск кон западот. „Минск не би одлучил ништо што би било спротивно на воените интереси на Москва“, изјави тој.

Кои се целите на Минск?

Минск е секогаш на страната на Кремљ, вклучувајќи ја и проценката на настаните во Украина и Сирија вели Витис Јурконис, политички научник на универзитетот во Вилнус. Според него, обидите за мирољубие на Беларусија по анексирањето на Крим од страна на Русија е „пиар кампања“ со која Минск се обидува да се претстави како неутрален. „Белоруското лидерство сака да добие пристап до европски пари и истовремено да ја направи Москва нервозна со свртувањето кон западот“ изјави тој, додавајќи дека на тој начин владата во Минск се обидува да го насочи Кремљ во своја полза на меѓународната сцена.

„Белорусија не може да биде неутрална, затоа што има две руски воени бази на границата со НАТО“, вели Јурконис.

Russland Armee Ukraine Krim Balaclava
Фотографија: Reuters

Но како Москва гледа на белорускиот договор за формална воена соработка со држави членки на НАТО? Андреј Серенко, политички аналитичар од Русија и член на Лигата на експерти на пост-советскиот простор (ЛЕПСС) за ДВ изјави: „Тешко е дека Москва ќе биде задоволна со обидите на Белорусија да демонстрира автономија и да ја диверзифицира надворешната политика.“ Од друга страна, тој дадава, Русија нема од што да се плаши од новиот договор. „Москва има големо влијание врз Минск“, изјави Серенко.

Договор за специјалните сили со Кремљ

Според декрет објавен на почетокот на декември, Белорускиот претседател Александар Лукашенко помеѓу останатите работи, дал инструкции на белорускиот комитет за државна безбедбост (КГБ) да преговара со руската страна за договор со кој ќе се овозможи поставување на специјалните сили на двете земји на двете територии во антитерористички операции. Михаил Пастухов, поранешен претседател на белорускиот уставен суд ова го смета за прекршување на уставот. „Во уставот стои дека Белорусија самата е одговорна за обезбедувањето на редот и  мирот во земјата“, вели тој.

DW Dokumentation Maidan Dreaming Protest
Фотографија: DW/W. Sentschenko

Но, зошто на Минск му се потребни руските специјални сили? Владимир Бородах, поранешен полковник во белоруската тајна служба кој сега живее во Германија, за ДВ изјави дека Минск има голем број сопствени специјални сили. „Сепак, Лукашенко и рускиот претседател Путин стравуваат дека стагнирањето на нивните национални економии ќе значи истото што се случи во Киев: масовни антивладини демонстрации“. Во таков случај, руските специјални сили ќе му помогнат на Лукашенко, или обратно, белоруските сили ќе летаат во Москва да ги „задушат бунтовниците“ доколку руските специјални сили одбијат да го сторат тоа.