1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски сака да формира ефикасна политичка влада

СН | МИА
6 ноември 2021

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потврди дека со потписите на 61 пратеник обезбедено е ново парламентарно мнозинство за пад на актуелната влада. Мицкоски е заинтересиран само за власт, по секоја цена, реагираше експресно СДСМ.

https://p.dw.com/p/42fNB
Nord-Mazedonien | Parteichef VMRO-DPMNE Hristijan Mickoski
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Скопје уште еднаш потенцираше дека е обезбедено ново парламентарно мнозинство за да падне актуелната влада. Тој притоа  порача дека новото мнозинство составено од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Беса ќе сочека до понеделник премиерот Зоран Заев да ја достави оставката до Собранието. Доколку  тоа не се случи, ќе биде започната постапката за изгласување на недоверба на владата.

Мицковски најави оти ќе се обиде да формира ефикасна политичка влада способна да се справи со економските, енергетските и здравствените предизвици. Доколку, како што рече, не успее во тоа, единствена опција ќе бидат брзи предвремени избори. 

„Во периодот што следи ќе се обидам, повторувам, ќе се обидам да формирам нова влада и тоа ќе се случи само доколу бидам сигурен дека тоа ќе биде влада на сериозен кредибилитет, влада со силни институции кои ќе гарантираат стабилност, нова енергија и ефикасност во реформите и проблемите кои следат. Доколку не се постигне оваа цел кон која се стремам и не обезбедам потполна ефикасност на владата потребна за справување со кризите, борба против корупцијата и криминалот, кои се клучниот проблем во нашата држава, тогаш она што ни преостанува како единствена опција се брзи предвремени парламентарни избори за народот на Македонија да одлучи за новата иднина“, рече тој на денешната прес-конференција Мицкоски.

Доколку премиерот Зоран Заев не ја поднесе оставката до понеделник, новото парламентарно мнозинство ќе започне постапка за изгласување на недоверба на владата
Доколку премиерот Зоран Заев не ја поднесе оставката до понеделник, новото парламентарно мнозинство ќе започне постапка за изгласување на недоверба на владатаФотографија: Metodi Popow/imago images

Притисоци врз пратеници од новото мнозинство

Тој уште истакна дека  61 пратеник се потпишал дека оваа Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев веќе нема кредибилитет и легитимитет. Мицковски истакна дека и покрај притисоците кои некои од потпишаните ги имаат со цел да се повлечат, засега нема информации дека тоа може да се случи.

„Јас би сакал да имаме политичка влада која ќе има полн капацитет, ќе го истурка мандатот до 2024 година ќе спроведе реформи, ќе спроведе сѐ што е потребно и за се што се залагаме. Доколку тоа не се случи брзи параламентарни избори се неминовност, бидејќи народот во Македонија сака да гледа решенија“, рече Мицкоски.

СДСМ: Мицкоски го интересира само власт, по секоја цена

Владејачката СДСМ, експресно реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштение на Центарот за комуникации на партијата беше истакнато дека Христијан Мицкоски денеска потврдил оти го интересира само власт, по секоја цена, без политичка идеја, вредности или платформа. 

Партиското седиште на СДСМ
Партиското седиште на СДСМФотографија: MAKFAX

„Денеска народот слушна од Мицкоски дека целта му била да руши Влада со политичка партија која е дел од актуелната влада – БЕСА, дека земјата ќе ја носел напред ама со анти-НАТО и анти-американски коалиционен партнер – Левица. На следниот состанок на масата на новата коалиција останува да ги стави фотографиите од Орце Камчев, Никола Груевски и Сашо Мијалков и да изјави дека заедно ќе го расчистуваат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението и притоа се истакнува дека не може они што ги кочеле сите прогресивни процеси, интеграцијата во НАТО и во ЕУ и порастот на платите да бидат опција за иднината.
Според СДСМ, Мицкоски не може да испорача ништо за интересот на граѓаните, ниту пак за
националните интереси на државата.