1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Моравјецки бара крај на протестите за правото на абортус

ЕМФ / дв
27 октомври 2020

Илјадници Полјаци со денови протестираат против заострувањето на законот за абортус во земјата. Премиерот Моравјецки денеска побара ставање крај на протестите поради пандемијата на коронавирус.

https://p.dw.com/p/3kUjn
Frauenstreik in Polen
„Посакувам да можев да ја абортирам мојата влада“, стои на плакатот којшто го носи оваа демонстрантка во ВроцлавФотографија: Krzysztof Kaniewski/ZUMA Wire/picture-alliance

Доаѓаат со автомобили, велосипеди или пеш, а носат свирчиња, барабани, банери - десетици илјади Полјаци пет дена по ред протестираат против заострувањето на законот за абортус во земјата. „Доволно е“, „Сакаме да имаме избор“, „Пеколот на жените“, „Имате крв на рацете“ - стои на плакатите кои демионстрантите ги носат низ Варшава и други полски градови наспроти забраната за протести поради пандемијата на коронавирус.

Polen Warschau | Protest gegen Abtreibungsverbot
Фотографија: Jedrzej Nowicki/Agencja Gazeta/Reuters

Полска не се смирува по одлуката на Врховниот суд со која и прекини на бременост поради тешки аномалии на неродено дете ќе се сметаат за противзаконски. Во Варшава пред сѐ млади девојки вчера блокираа раскрсници и го парализираа сообраќајот. Блокади на улиците имаше и во Познањ, Вроцлав и Краков, каде разлутени граѓани извикуваа: „Ова е војна“.

Polen Warschau | Protest gegen Abtreibungsverbot
Демонстранти во Варшава блокираа сообраќајнициФотографија: Slawomir Kaminski/Agencja Gazeta/Reuters

Католичка Полска има еден од најрестриктивните закони за абортус во Европа. Сега прекин на бременост е можен само ако е непосредно загрозен животот на идната мајка, или ако таа останала бремена со силување или инцест.

Владеачката партија Право и правда (ПиС) со години се бори за заострување на законот за абортус. Досега во Полска годишно се вршеа помалку од 2000 абортуси, главно поради аномалии на фетусот. Организации на права на жените проценуваат дека секоја година се вршат околу 200.000 нелегални абортуси во Полска, или за таа цел се оди во странство.

Polen Krakau | Protest gegen Abtreibungsverbot
Блокади на улиците имаше и КраковФотографија: Slawomir Kaminski/Agencja Gazeta/Reuters

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска повика на смиреност и побара ставање крај на протестите во земјата. „Акти на анасилство, варварство и вандализам“, како и „напади врз верски симболи и цркви“ не се прифатлви, изјави тој пред новинарите. Моравјецки додаде дека насилнички акции може да доведат до „ескалација“ и предупреди дека протестите може да го забрзаат ширењето на коронавирусот во земјата.