1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Морбили: Вакцинирани речиси 30 илјади деца

СН/ агенции
15 јуни 2019

Македонското министерството за здравство денеска објави дека од почетокот на епидемијата на мали сипаници во земјата вакцинирани се близу 30 илјади деца помлади од 14 години.

https://p.dw.com/p/3KW6O
Impfung gegen Masern
Фотографија: picture-alliance/Cortesía/NOTIMEX/dpa

Вкупниот број на вакцинирани деца според министерството изнесува 29.857.  Како што се прецизира, од вкупниот број 15.250 деца вакцината МРП ја примиле во Скопје, а 14.607 во внатрешноста на земјата.

Со одлука на владата децата кои не се вакцинирани не можат да одат во градинка, ниту да посетуваат настава во основните училишта.

Повеќе:

-Епидемијата на морбили ќе трае со месеци

-Епидемија на мали сипаници: Како да се заштитат бебињата?

-Бројот на инфекции со морбили зголемен за 300 проценти

Инаку како што соопштија здравствените власти во минатата недела се пријавени 70 нови случаи на морбили, што е 17 случаи помалку отколку една недела претходно.

Impfstoffe zur Impfung gegen Masern und gegen Windpocken
Фотографија: Imago/photothek/U. Grabowsky

„Кумулативно од почетокот на епидемијата, во декември 2018 година, регистрирани се 1.891 случај на мали сипаници што е 91,4 на 100.000 жители“, наведува Министерството за здравство. Од министерството наведоа дека родителите ја препознале важноста на навременото вакцинирање на децата, како единствема мерка за заштита од малите сипаници.

Вакцинација или не?