На Болт му нема рамен
19 август 2016Реклама
Усеин Болт се закити со уште еден златен медал на Олимпијадите и стана најуспешниот спринтер на сите времиња. Иако не беше задоволен со времето од 19,78 секунди, Болт и немаше вистинска конкуренција во трката на 200 метри. На второ место заврши Андре де Грас од Канада, а бронзениот медал го освои Французинот Кристоф Леметр.
„Немам што повеќе да освојувам“, изјави Болт по трката. „Му докажав на светот дека сум најголемиот. Ова е мојата последна Олимпијада“.