1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На половина милион деца им се заканува смрт поради глад

17 јули 2011

Катастрофалната суша на Рогот на Африка предизвикува глад каква што немало во последните неколку децении. УНИЦЕФ денеска (17.07) предупредува дека поради глад им се заканува смрт на околу половина милион деца.

https://p.dw.com/p/11wyK
Фотографија: AP

„Додека дојде наредната жетва, ќе минат четири до пет месеци. Исправени сме пред огромна задача“, изјави директорот на УНИЦЕФ Ентони Лејк на крајот на четиридневната посета на Кенија. Во многу региони луѓето се веќе толку исцрпени или толку сиромашни, што и не можат да бараат помош.

Од катастрофата со глад се погодени речиси единаесет милиони луѓе. Притоа, кризата не е ограничена само на илјадниците бегалци од Сомалија кои бараат секојдневно помош во соседните земји, туку погодени се и милиони фармери и сточари во Кенија и Етиопија. Се смета дека е ова најголема глад во последните 60 години. Германија веќе ја зголеми својата помош за регионот на пет милиони евра. Министерот за развој Дирк Нибел апелираше до германските граѓани да донираат средства и приватно.

Автор: ЕМФ/дв/дпа

Редактор: Борис Георгиевски