1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наградата Сахаров врачена на сопругата на затворениот блогер

Сабине Роси / Е.М. Фиданоска16 декември 2015

Во Стразбур е врачена наградата Сахаров. Добитникот Раиф Бадави е во затвор во поради тоа што во барал, меѓу другото, поделба на државата и религијата. Сопругата Енсаф Хајдар вели дека саудискиот блогер штрајкува со глад

https://p.dw.com/p/1HOEH
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Seeger

На интернет кружи матно видео снимено на мобилен телефон: оддалеку се гледа слаб човек на јавно место. Немо поднесува удари. Човекот е 31-годишниот Раиф Бадави. На 9 јануари годинава тој ги доби првите, и досега единствените, 50 удари со камшик. Тие се само дел од казната на која е осуден од суд во Саудиска Арабија. Казната предвидува вкупно 1000 удари, десет години затвор, висока парична казна и забрана за патување. Бадави е прогласен за виновен за пишување текстови во кои тој ги излага своите видувања за светот во кој живее. Свет, во кој жените и мажите се одвоени во секојдневието, во кој има една единствена вистинска религија - исламот и еден единствен начин за негово практикување - вахабизмот.

Raif Badawi mit seinen Kindern
Раиф Бадави со своите децаФотографија: privat

Раиф Бадави стравува дека ваквата духовна стеснетост има негативни последици за неговата татковина. Во август 2010 година тој својата загриженост ја формулираше вака:

„Ако некој го набљудува арапското општество, на спектакуларен начин му се покажува како тоа стенка под товарот на теократијата, како воздивнува и страда, општество чии клерици не сакаат ништо друго освен реченицата 'Слушам и послушувам' (...) Моето најголемо стравување е дека еден ден сите умни глави ќе се иселат од арапскиот свет во потрага по посвеж воздух, некаде далеку од мечовите на религиозниот авторитаризам.“ (цитат Раиф Бадави)

Бадави бара намалување на влијанието на верските претставници и на нивната полиција во Саудиска Арабија. Низ неговите текстови провејува идејата на либерализмот. Тој не бара укинување на религијата, туку бара секој да има слобода да ја практикува верата онака како што смета дека треба.

„Разумното и рационално човештво е единствен катализатор и мотор за изградба на општества во знакот на толеранцијата, креативноста, уметноста и технолошкиот развој. Ниту една религија не може да постигне развој на човештвото. Тоа не се должи на некаков недостаток на религиите, туку едноставно на фактот дека религиите се религии, односно лични и интимни духовни односи меѓу индивидуата и Создателот. Светиот Коран е извонредна книга за чисто поклонение на Господа.“

EP verleiht den Sacharow-Pres an Raif Badawi Ensaf Haidar
Енсаф Хајдар побегна со децата во КанадаФотографија: DW/B. Riegert

Пуританските духовници во Саудиска Арабија, како и монархијата на земјата, сметаат дека во прашање се доведуваат фундаментите на нивната моќ и нивната интерпретација на религијата. Сопруиата на Раиф Бадави, Енсаф Хајдар, и самата студирала исламска теологија. Таа е сигурна дека текстовите на нејзиниот сопруг не се навреда за исламот, иако така мислат многумина во Саудиска Арабија и за тоа го обвинуваат блогерот.

„Оној кој внимателно ќе ги прочита текстовите и ќе ги разбере онака како што Раиф тоа го мисли, тука нема да може да најде ништо погрешно. Неговите текстови не беа против една определена работа, против една религија, против земјата или против конкретна личност“, вели Енсаф Хајдар.

Deutschland Demo für die Freilassung Raif Badawis in Berlin
Протести пред саудиската амбасада во Берлин на кои се бараше ослободување на Бадави (11.06.2015)Фотографија: DW/H. Kiesel

Кога Раиф Бадави беше уапсен во 2012 година, таа со трите деца побегна за Канада. Таа е единствената личност која е редовно во контакт со него. Раиф Бадави смее да ѝ се јави од затвор, честопати само еднаш неделно, а разговорите траат најчесто по само неколку минути.

„Загрижена сум за неговото здравје. Не му е добро, ниту телесно ниту психички. Тој е целосно очаен“, објаснува сопругата.

Таа додава дека поддршката што нејзиниот маж ја добива од цел свет му дава надеж. Денеска во Стразбур наместо блогерот Раиф Бадави наградата за слобода на мислењето Сахаров ја прими Енсаф Хајдар.