1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Над 1 милион случаи на Ковид-19 во Франција

СН/агенции
24 октомври 2020

Како втора земја на ЕУ по Шпанија, Франција го надмина прагот од еден милион заразени со коронавирусот. Во исто време, беше забележан нов рекорд за бројот на нови инфекции за 24 часа- 42.032.

https://p.dw.com/p/3kNSN
Coronavirus in Paris Pfleger auf Intensivstation
Фотографија: Reuters/B. Tessier

Во Франција бројката на заразени со коронавирусот надмина 1 милион, соопштија француските власти. Франција, по Шпанија е втора земја во Европа која го надмина овој број.

Од почетокот на пандемијата во земјата се регистрирани1.041.075 случаи на Ковид-19, а само вчера беа регистрирани 42.032 инфекции, што претставува дневен рекорд.

Заразата во Франција во последните недели забрзано се шири. Од почетокот на пандемијата во земјата починаа над 34.000 лица, што е една од највисоките бројки во Европа.

Над 8 милиони инфекции цо Европа

Стручњаците наведуваат дека бројката на заразени во сите држави е поголема од официјално пријавените поради недостаток на тестови, асимптоматски случи и други проблеми.

Повеќе:

-Шпанија: Веројатно 3 милиони заразени од коронавирусот?

-Претрес кај францускиот екс-премиер: потфрлил ли корона-менаџментот?

-Највисок степен на предупредување од корона во Париз

Ширум Европа со Ковид-19 се заразени преку 8 милиони, а починаа близу 260.000 лица.

Северната хемисфера преживува „критичен момент“ со пандемијата, предупреди вчера директорот на СЗО и оцени дека премногу земји бележат експоненцијален раст на нови случаи.

СЗО: Наредните месеци ќе бидат многу тешки

Tedros Adhanom Ghebreyesus, Direktor WHO
Фотографија: picture-alliance/dpa/KEYSTONE/S. D. Nolfi

„Се наоѓаме во критичен момент од пандемијата, особено северната хемисфера“, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус на конференцијата за новинари.

„Преголем број земји бележат експоненцијално зголемување на случаите со Ковид-19 и тоа доведува ги болниците и единиците за интензивна нега близу или ги надминаа своите капацитети и тоа веќе во октомври. Наредните месеци ќе бидат многу тешки и некои земји се на опасен пат“, оцени Гебрејесус.