Надал останува крал во Париз
9 јуни 2014Бранителот на титулата на Ролан Гарос, Рафаел Надал, го победи вечниот ривал Новак Ѓоковиќ со 3:6; 7:5; 6:2; 6:4 во финалето кое, како што рече, било „многу емоционално“. Солзите во очите на Надал при доделувањето на трофејот и шпанската химна, беа потврда на неговите зборови и емоционална состојба.
„Морав да одам до своите граници. Новак исто така ја заслужува титулата и некогаш и ќе ја освои“, изјави Надал. Новак Ѓоковиќ, пак, и натаму мора да чека на својата прва победа на грен слем турнирот во Франција. „Можам само да му честитам на Рафа. Тој е голем играч“, рече Ѓоковиќ, кој од гледачите беше поздравен со голем, долг аплауз.
Надал за победата „касираше“ 1,65 милиони евра. Ниту еден друг тенисер досега не освоил повеќе титули на еден од четирите грен слем турнири, како Надал во Париз.
Шарапова број еден во Париз
Во женска конкуренција, на Ролан Гарос најдобра беше Марија Шарапова. Таа во саботата (7.06) во драмантично финале, по повеќе од три часа борба, ја победи Симона Халеп од Романија со 6:4; 6:7; 6:4.
Руската тенисерка стигна до својата втора титула на Ролан Гарос, вкупно петта на турнирите од Грен слем серијата. Од друга страна, Халеп во своето прво Грен слем финале остана без титулата.