Напад во Авганистан
21 октомври 2008Гувернерот на провинцијата Кундус за првата програма на германската телевизија го потврди крвавиот атентат и убиството на двајцата војници: „Германските војници заедно со полицијата и војската на Авганистан требаше да спроведат операција во несигурен предел, кога атентаторот самоубиец со велосипед се приближил до конвојот и се дигнал во воздух. Атентаторот носел елек со експлозив.“ рече гувернерот Мохамед Омар дополнувајќи дека во нападот животот го загубиле и пет деца, кои случајно биле во близина. Повредени се уште две деца и двајца војници.
Меѓународните трупи, цел на екстремистите
Меѓународните ИСАФ трупи, под чија команда се Германците во Авганистан, ја потврдија смртта на двајцата војници и петте деца. Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот. На нивната интернет страница е објавено дека антентатот го извршил Исламудин. Цел на екстремистите била преку напади да ги разбијат и протераат меѓународните трупи од Авганистан.
Пред неколку денови гувернерот на Кундус, Омар, укажа на големата невработеност во регионот поради што се зголемува фурустрацијата меѓу населението, а со тоа и подготвеноста да го подржат тероризмот: „Во овој регион има многу Талибанци, во Кундус е активна и Ал Каеда. Талибанците на невработените им даваат пари за да извршат самоубиствени атентати.“
Кундус опасен за западните трупи
Нападот се случи во истото подрачје каде на крајот на август беше убиен германски водник од прва класа. Минатата година исто така при атентат во оваа област животот го загубија тројца војници на Бундсверот. Знак за тоа дека во Кундус и околината станува се’ поопасно за западните трупи испрати и шефот на регионалната команда Север, Јирген Вајгт, кој во интервју за германската телевизија мината недела рече: „ Како што многумина знаат Кундус беше центар на Талибанците, на северот од земјата. И таму постојат врски од минатото до денес. Факт е дека во областа, за која јас сум одговорен мора многу да се внимава.“