1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напад во старото градско јадро на Ерусалим

ЕМФ /агенции
14 јули 2017

Израелската полиција уби три лица во Ерусалим кои претходно отвориле оган врз полицајците. Смртно се застрелани и двајца полицајци. Првите траги водат кон северен Израел.

https://p.dw.com/p/2gXdY
Israel Tempelberg Anschlag in Jerusalem
Фотографија: Reuters/A. Awad

Три лица нападнале израелски полицајци во старото градско јадро на Ерусалим. Тие користеле огнено оружје и нож. Притоа се повредени повеќемина полицајци. Двајца од припадниците на полицијата неколку часа подоцна во болница им подлегнаа на повредите. На болничко лекување сѐ уште е еден полицаец со средно тешки повреди. Откако почнале да бегаат во насока на џамијата Ал Акса, младите напаѓачи биле убиени од страна на безбедносните сили, соопшти полицијата. Кај напаѓачите се пронајдени три парчиња огнено оружје. Израелските медиуми јавуваат дека напаѓачите имале израелски лични документи. Според весникот „Хаарец“, израелската тајна служба ги идентификувала тројцата напаѓачи како израелски Арапи од местото Ум ал-Фам, од северот на Израел.

Israel Tempelberg Anschlag in Jerusalem
Израелски полицајци околу телото на еден од убиените напаѓачиФотографија: Getty Images/AFP/T. Coex

Ова е прв тежок напад со огнено оружје во старото градско јадро на Ерусалим во последните години. Старото градско јадро се наоѓа во Источен Ерусалим, кој е анектиран од Израел. На Ридот на храмовите се наоѓа и џамијата Ал Акса, која се смета за трето по важност светилиште во исламот. По нападот полицијата ги откажа петочните молитви на Ридот на храмовите, на кои вообичаено се собираат илјадници верници. Инцидентите на Ридот на храмовите во минатото често водеа до тензии во целиот регион.