1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО ја зголеми борбената готовност поради кризата со Русија

БГ /дпа
18 февруари 2022

Врвот на Алијансата одлучи да ја зголеми борбената готовност на своите единици поради кризата со Русија, додека илјадници луѓе се евакуираат од украинските региони кои се под контрола на проруските бунтовници.

https://p.dw.com/p/47Gka
Donbas | Pro-Russische Soldaten beobachten
Про-руски бунтовници во источна УкраинаФотографија: Kisileva Svetlana/ABACA/picture alliance

Силите за брза интервенција на НАТО добија наредба да бидат подготвени за распоредување во рок од седум дена, наместо за 30 како што беше досега. Одлуката за зголемувањето на борбената готовност е донесена поради стравот од ескалација на кризата со Русија која се заканува да изврши напад врз Украина, јави агенцијата ДПА повикувајќи се на свои извори во Алијансата.

Проруските сепаратисти во источна Украина денеска ги повикаа цивилите да се евакуираат во Русија за да се заштитат од напад на украинските владини сили. Рускиот претседател Владимир Путин најави дека на секој кој ќе одлучи да избега од Украина ќе му бидат исплатени рубљи во противредност од 130 евра.

Повикот за егзодус кон Русија дојде откако бунтовниците и властите во Киев се обвинуваа меѓусебно за ескалацијата на насилствата на линијата на поделба, додека западните држави ги повторија стравовите дека руската инвазија е сѐ поизвесна. 

„Жените, децата и старите“ треба да бидат први кои ќе бидат извлечени, изјави првиот човек на само-прогласената Доњецка република, Денис Пушлин. Во регионот на Доњецк се планира евакуација на 700.000 луѓе.
Кусо по апелот за евакуација на Пушлин пред владината зграда во Доњецк експлодираше автомобил на локален функционер. Никој не беше повреден, а нејасно е што ја предизвикало експлозијата. И сепаратистите во Луханск наредија слични мерки. 

Ukraine Donezk | Explosion, beschädigtes Auto
Уништено возило во ДоњецкФотографија: Nikolai Trishin/Tass/picture alliance

Официјален Киев, пак, демантираше дека планира напад врз сепаратистите.

Украина нема план да започне напад врз сепаратистичките територии на истокот затоа што тоа ќе доведе до „неброени жртви“, изјави началниот на украинскиот Генералштаб, Валери Залужниј.

„Не им верувајте на лагите на окупаторите“, им порача тој на жителите на сепаратистичките региони. 

Москва е „многу загрижена“  

Претставници на САД проценуваат дека Русија во меѓувреме ангажирала меѓу 169 и 190.000 војници на границата со Украина.

Сепаратистите тврдат дека украинските сили го интензивирале гранатирањето во текот на ноќта, а друга страна дека бунтовниците повеќе од 20 пати го прекршиле прекинот на огнот.

Москва е „многу загрижена“ поради зачестеното гранатирање во источна Украина, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, додавајќи дека украинските сили користат забранети оружја.

Во четвртокот беше гранатирана градинка на владината територија. Западните лидери го толкуваа инцидентот како стратешка провокација за да се испровоцира контра-напад од украинските сили, што би и дало повод на Русија да започне со напад.

Кремљ најави дека претседателот Путин во сабота ќе надгледува воени вежби со лансирање на балистичките и крстосувачки ракети.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи