1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Најжешката фаза“ на карневалот во Рајнската област

СМ/ат/дпа/епд3 март 2014

Во карневалските „упоришта“ во Рајнската област во Германија денеска со поворките за т.н Розенмонтаг кулминира прославата на уличниот карневал. На улиците во Келн, Диселдорф, Мајнц, Бон слават преку два милиона луѓе.

https://p.dw.com/p/1BIcr
Фотографија: picture-alliance/dpa

Најголемата карневалска поворка на Розенмонтаг традиционално се одржува во најголемиот град во Рајнската област, Келн. Под мотото „Иднина, да видиме што доаѓа“, низ улиците на централниот дел на Келн минуваат вкупно 150 богато украсени коли со вкупно 13 илјади учесници. Поворката годинава е долга цели седум километри. Традиционално карневалистите, не само во Келн, на себе својствен начин низ хумор и сатира се „пресметуваат“ со политичарите, а посетителите на карневалот ги „опсипуваат“ со бомбони, слатки и цвеќиња.

Rosenmontagszug Köln 2014
Фотографија: picture-alliance/dpa

Карневалот завршува на т.н среда пепелница, на разочарување на многумина, кои сепак веднаш го вртат погледот кон наредното „петто годишно време“, како што уште се нарекува карневалот во градовите на Рајна.

Инаку потеклото на името Розенмонтаг има различни теории - една од нив вели дека името нема врска со розите, туку со глаголот „разен“, односно да се биде весел, смешен, палав. Според друго толкување името Розенмонтаг доаѓа од Розензонтаг. Во средниот век тоа бил денот, кој се прославува четири недели по карневалот, среде постот. На тој ден било дозволено да се прекине постот затоа што папата на тој ден осветувал една златна роза и ја предавал на личност со заслуги.