1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Нобелова награда: Дали во 2020 ќе има повеќе жени лауреати?

Александер Фројнд
5 октомври 2020

Во времиња во кои се зборува многу за полова еднаквост и диверзитет, очекувањата од Нобеловата фондација се големи. Досега најчесто носители на наградата беа стари мажи, белци. Дали во 2020. тоа ќе се промени?

https://p.dw.com/p/3jRlL
Symbolbild Nobelpreis | Medaille mit dem Konterfei von Alfred Nobel
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Од 1901 година досега, покрај 25 организации, Нобелова награда добиле вкупно 923 различни научници, писатели и „поттикнувачи на мирот”. Типичниот Нобелов лауреат е маж, стар и белец. И така не е само во природните науки.

Речиси сите награди се отидени во Европа или САД, потоа со голема разлика следува Јапонија со 28, Австралија со 14, Индија со 12, Јужна Африка со 11 и Кина со 8 награди.

Големи разлики

Разликата помеѓу половите енајголема кога се во прашање наградите за наука, кои вообичаено ги добиваат стари мажи белци, што се објаснува со тоа дека науката традиционално била доминирана од мажи и дека често се наградувани научни откритија од пред повеќе години.

Меѓу наградените има едвај 54 жени, а тоа не се ни шест проценти. Марија Кири има двапати добиено награда - во 1903. за физика и осум години подоцна за хемија.

Вкупно 12 Нобелови награди за медицина, 5 за хемија, 3 за физика паднале во рацете на жени. Наспроти тоа, имало 17 за мир и 15 за литература, како на пример минатата година, кога полската писателка Олга Токарчук ја доби наградата за литература.

Освен тоа, минатата година француско-американската економистка Естер Дуфло ја доби Нобеловата награда за економија, што значи дека во 2019 од вкупно 15 наградени, две беа жени.

Спорни добитници

Нобеловата награда до денес важи за најпрестижна награда во дадените дисциплини, иако, особено во изминатите години, имаше спорни одлуки и скандали. Наградата е финансирана од фондацијата на , кој заработил многу пари со изумот на динамитот.

Особено спорни беа наградите за мир на Барак Обама, доделена по само девет месеци откако стана претседател на САД, потоа за лидерот на Палестинците, Јасер Арафат, или за „мировниот проект” ЕУ.

Махатма Ганди, симболот за ненасилна борба против неправда и угнетување, и покрај многу номинации никогаш не бил награден. Спорни се и наградата за литература за Финецот Емил Силанпа кого едвај некој го познава и чита, за Хари Едмунд Мартинсон, кој како член на Академијата такаречи самиот се награди и по доделувањето изврши самоубиство. така е и со минатогодишната награда за АвстриецотПетер Хандке, кој по мислењето на критичарите ги минимизирал или негирал воените злосторства од Србите во војната во Југославија.

Norwegen Peter Handke Ibsen-Preis 2014
Петер Хандке е особено контроверзен добитник на Нобеловата награда за литератураФотографија: AFP/F. Varfjell

Во природните науки малку од добитниците се спорни, секако и затоа што материјата е комплексна. Но, данскиот патолог Јоханес Гриб Фибигер во 1926 бил добитник на наградата за медицина за откритието дека мал црв предизвикува рак на желудник, што подоцна се покажало дека не е точно. Канаѓанецот Џон Меклеод во 1923 ја добил наградата иако во моментот кога вработени во неговиот институт го откриле инсулинот, тој бил на одмор.

Во 2002 Јапонецот Коичи Танака доби Новелова награда за хемија за развојот на процес со ласер кој само тој лично го користи.

2020 повеќе награди за жени?

Жените често биле во сенка на машките конкуренти, особено во научните дисциплини. Многу истражувачи жени кои имале значителен придонес на проектите наградени со Нобеловата награда, останале без признание.

Дел од нив секако се Лизе Мајтнер (откритие на ослободувањето енергија при поделба на атомите), Џоселин Бел Барнел (откривач на брзо ротирачките неутронски ѕвезди), или американската астрономка Вера Рубин, која во 1970-те прва пронајде одржлив доказ за постоењето на темна материја. Наместо тоа, за таа тема наградата ја добија тројца машки астрофизичари и тоа минатата година.

Врвни научници наместо квоти

Во времиња кога многу се зборува за полова еднаквост и диверзитет, очекувањата од Нобеловата фондација се особено големи. Структурно и во природните науки многу нешта се сменија во текот на изминатите години, па има и многу кандидатки кои повеќе од заслужено би добиле таква награда.