Незавидна задача за Метју Нимиц
3 декември 2007Реклама
Метју Нимиц има многу тешка задача, да ги доведе двете страни до толку неопходниот компромис. Ова може да се каже дека е заеднички став на експертите од Германија , Европа и Грција со кои во последно време разговараше Дојче Веле за спорот околу уставното име на Македонија , меѓу Скопје и Атина.
Германскиот новинар и публицист Нилс Кадрицке оценува дека работата на Нимиц е незавидна , и вели дека тешко може да замисли дека специјалниот пратеник на ОН ќе најде логично двојно име , прифатливо и за Атина и за Скопје. Тој е песимист дека наскоро ќе се најде решение но сепак:
„Мојот оптимизам се однесува само на долгорочните перспективи, оти јас гледам дека во последниве 10-15 години значително попушти хистеријата што владееше на пример во 1992-ра година . Можат да се најдат се повеќе и повеќе разумни луѓе. Но ќе треба уште време додека Грците да се помират со Имаето Македонија за некоја друга држава“- вели Кадрицке.
Потребно е придвижување од страна на Македонија, или...
Грчкиот професот Танос Докос , пак смета дека има рецепт за побрзо решавање на спорот. Според него потребен е гест на добра воља од страна на Македонија:
„ Секаква мала , навистина мала , промена на името. На сите им е јасно дека терминот Македонија ќе биде централен елемент од името . Но потребна е некаква навистина мала промена , Можеби Македонија напишана според транскрипцијата на јазикот во земјата или Македонска република . Тогаш грчките политичар би можеле да го прифатат и подржат предлогот без да ја загубат довербата кај народот . Бидејќи тоа е важно во секоја држава вели Докос.
Да не се загуби довербата кај народот . Да се прифати решение за името кој нема да им наштети на нивниот углед кај граѓаните. Ова се главните предизвици со кои се соочуваат политичарите во двете земји - сметаат аналитичарите со кои разговараше Дојче Веле . Според нив засега ниту еден политичар на двете страни нема рецепт како да го постигне тоа . Од другастрана ситуацијата дополнително се комплицира со провокации како преименувањето на аеродромот во Скопје или пак закани како онаа дека ќе биде блокиран приемот на Македонија во евроатлантските структури. Според Гералд Кнаус претседател на Европската иницијатива за стабилност , Македонија ги разнишала своите позиции со потегот со преименување на аеродромот. Тој предупредува:
„ Ми се чини дека без придвижување од страна на Македонија , позицијата на Грција ќе наиде на повеќе симпатии , отколку што беше случај пред две години. Не се работи за името , туку за преименувањето на аеродромот . Со тој потег според мене трендот од последниве години , се повеќе земји да го признаваат уставното име на Македонија е доведен во прашање“- вели Кнаус , дополнувајќи дека дури и пријателите на Македонија се прашуваат што сакала македонската влада да постигне со тој потег .
... Грција да се надрасне себеси
Од другастрана Ален Делетро од Меѓународната кризна група ,ја критикува како непрагматична и грчката закана со вето на приемот на Македонија во НАТО и ЕУ:
„Се надевам дека Грците ќе се надраснат себеси и ќе ја смират топката . Знаете дека ставот на Меѓународната кризна група е јасен . Македонија има право на своето име. Постојат повеќе начини за решавање на ситуацијата , но Грците мора да преземат попрагматични чекори во сфаќањето на проблемот“
И од меѓународно- правен аспект, Македонија иима целосно право да го користи своето уставно име- вели професорот на правниот факултет од Келн Томаш Милеј . Според него со својата поголема моќ меѓународната сцена. Грција ја принудила Македонија да преговара за нешто што како право на една држаав и припаѓа-имено да си го одбере сопственото име:
„ Да тоа е прашање на моќ. Но јас сепак ќе речам дека според народното обичајно право, Грција има обврска наскоро да го прифати тоа име, зашто Грција со нејзината политика доведе до ситуација , во која Македонија беше вовлечена во преговори.
Заканата за грчко вето да се сфати најсериозно
Но без разлика на ова , заеднички став на сите експерти е дека сериозно треба да се сфати заканата на Грција за ставање вето на приемот на Македонија во НАТО :
„ Значи ако се работеше само за името , пред една година , би рекол дека не е веројатно , зашто Грција има стратегиски интерес од проширување на ЕУ и на НАТО . Но ако се има предвид влошената атмосфера меѓу двете земји , тогаш мислам дека тоа денес е поверојатно . А тоа е штета , неуспех на дипломатијата.
„Мислам дека оваа закана треба да се сфати сериозно , поради силниот притисок на грчката јавност и лобито на Солун во грчката политика. Секако дека нема повторно да има ембарго или слични нешта но Грците треба да се сфатат сериозно кога велат дека ќе стават вето за членството на Македонија во ЕУ и НАТО под ова има. Друго е дали ќе успеат да се пробијат во тие намери , но заканата сметам дека треба да се сфати сериозно- порачуваат експертите Гералд Кнаус и Нилс Кадрицке.

Реклама