1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема новости од Ватикан

14 март 2007

На 25 минутната аудиенција кај Папата Бендикт 16, рускиот претседател Владимир Путин главна тема биле односите меѓу православната и католичката црква, соопшти Ватикан. Но, оваа средба очигледно не донесе многу ново, или пак имаше преголеми очекувања од неа? Грегор Хопе има детали.

https://p.dw.com/p/Adsf
Путин кај Папата
Путин кај ПапатаФотографија: AP

Рускиот претседател Владимир Путин на Папата Бенедикт 16 му даде античка икона од Свети Никола, светец кој има иста важност и во руската православна црква и во католичката.

Иако беше најавувано, во свитата на Путин сепак немаше висок претставник на руската црква. Иако постоеја надежи, посетата на рускиот претседател сепак нема да донесе ниту средба меѓу рускиот патријарх Алексеј Втори и Папата Бенедикт 16. Барем засега. Секако на средбата на која присуствуваа и шефот на руската дипломатија Лавров и државниот секретар на Ватикан, кардиналот Бертоне, се зборуваше и за положбата на католичката црква во Русија.

Односите меѓу руската православна црква и католичката црква беа многу заострени под понтификатот на претходниот Папа Јохан Павле Втори. Разликите ескалираа на почетокот на 2002 година кога Рим, нивната провизорна администратура во Русија ја подигна на ниво на Диецези. Во следните месеци, свештениците и еден бискуп беа прогласени за „персона нон грата“ во Русија. Католичката црква, пак екстремистичка закана за руската безбедност.

Во меѓувреме беа направени значајни чекори за приближување меѓу двете цркви. Но, православците му префрлаат на Рим за се уште постоечките мисионерски обиди, нешто што католичката црква одлучно го одбива.

Ова и прашањето за приматот на бискупот од Рим како највисок поглавар во христијанскиот свет, и понатаму и стојат на патот на средба меѓу Папата и рускиот поглавар Алексеј Втори.

Инаку посетата на Путин на Ватикан е само дел од неговата официјална посета на Италија. Тој денеска во јужниот град Бари ќе присуствува на четвртите италијанско – руски владини разговори. Случајно или не, токму во пристанишниот град Бари, според католичките преданија се погребани моштите на Свети Никола.