1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нема нови мерки, останува полицискиот час

ДТЗ
17 мај 2021

Комисијата за заразни болести предлага да не се укинуваат рестриктивните мерки против Ковид-19.

https://p.dw.com/p/3tVDI
Nord-Mazedonien Skopje | Coronakrise: Gastronomie muss wieder schließen
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Комисијата за заразни болести предлага рестриктивните мерки против Ковид-19 и полицискиот час од полноќ до 4 часот наутро да останат на сила и во наредниот период. Со тоа останува на сила и одлуката за работа на летните тераси на угостителските објекти кои се отворени до 23.30 часот. 

-повеќе на темата: Филипче: Маски мора да се носат, рано е за свадби и концерти

Утревечер слободно движење, од четврток полициски час од полноќ

Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, откако надлежните оценија дека е намален број на новозаразени и на хоспитализирани од Ковид-19. На сила се уште е задолжителното носење маски на отворено. 

Според Министерството за здравство, во земјата има 3.636 активни случаи на заболени од Ковид-19, а во болниците се лекуваат 490 ковид пациенти.