Неочекуван триумф на партијата на Меркел во Саксонија-Анхалт
7 јуни 2021Втора по сила политичка партија по покраинските избори во Саксонија-Анхалт е АфД со освоени 20,8%, соопшти Покраинската изборна комисија доцна ноќеска во Магдебург. Следат Левица со 11%, СПД со 8,4% и Зелените со 5,9%, додека ФДП со 6,4% освоени гласови по десет години се враќа повторно во покраинскиот парламент.
Во споредба со 2016 година, ЦДУ освои речиси седум плус проценти гласови, Левица бележи намалување од речиси пет проценти, додека загубата на СПД е околу 2%. Излезноста беше 60,3 %, значи нешто пониска споредено со 2016 година кога изнесуваше 61,1%.
Повеќе:
Избори во Саксонија-Анхалт: Сите против АфД
По изборната шлаканица, ЦДУ на Меркел е на крстопат
Со Лашет, ЦДУ останува на „курсот на Меркел“
Во новиот покраински парламент ЦДУ ќе располага со 40 мандати, АфД со 23, Левица со 12, СПД – 9, Зелените -6 и Либералите-7.
Со тоа е можно продолжување на досегашната коалиција од ЦДУ, СПД и Зелените, но и нова коалиција од ЦДУ со ФДП и Зелените или со ФДП и СПД.
Покраинскиот премиер Рајнер Хазелоф најави сондирачки разговори со сите три партии и не исклучи ниедна од споменатите опции, но и натаму останува стриктно против соработка со десно популистичката АфД и со Левица.