Нигеријците во редици по лекот кој го препорача Трамп
21 март 2020Уште претходно лекот на социјалните мрежи беше истакнуван како одлично средство против коронавирусот и во одредени делови од градот беше распродаден, истакна советничката за здравствени прашања на гувернерот, Оре Авокоја вчера за новинската агенција АФП. Но, по прес-конференцијата на Трамп во четвртокот, луѓето пред многу аптеки стоеле во долги редици за да го набават лекот. Советничката изрази загриженост, зашто многумина го користат средството по свое наоѓање, најмалку двајца пациети се донесени во болница со симптоми на затруеност, но се очекуваат поголем број жртви.
Претседателот Трамп во четвртокот најави дека американската служба за лекови ФДА веќе издала „дозвола“ за употреба на хлорокин против коронавирус, но шефот на ФДА Стивен Хан го коригираше: во моментов се вршат само забрзани тестови за негова примена кај заразени со коронавирус, средството е дозволено за лекување на маларија. Во Нигерија досега има 12 потврдени случаи на коронавирус, но можностите за тестирање во најбројната со население африканска земја се мали и здравствениот систем би бил целосно преоптоварен со евентуална епидемија.
Повеќе:
Коронавирус: „Непобедливите“ тинејџери не сакаат да седат дома
Коронавирус: Конфузија околу лековите, што да се користи?
Трамп нудел 1 милијарда долари за вакцина за коронавирусот
Кинеските истражувачи во средината на февруари јавија дека средството хлорокин, кое веќе 40 години се користи против маларија, како и сличното средство хидроксихлорокин се покажале како делотворни кај пациенти со коронавирус. Но, тие изричито предупредија на претпазливост, зашто досегашните сознанија се премногу „тенки“. Во меѓувреме се вршат натамошни тестови во САД и во Европа.
Швајцарскиот фармацевтски концерн Новартис вчера понуди да стави на располагање до крајот на мај до 130 милиони дози хлорокин. Тогаш кога надлежните служби ќе дадат зелено светло за негова примена, средството може да им се дава на пациенти.