1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц гледа напредок во спорот за името

СН/ агенции
15 јануари 2018

Владите во Атина и во Скопје во последно време покажаа дека сакаат да најдат решение за спорот за името, изјави посредникот Метју Нимиц во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ.

https://p.dw.com/p/2qqxe
Matthew Nimetz
Фотографија: MIA

Во спорот за официјалното име на Македонија, специјалниот посредник на ОН, Метју Нимиц гледа напредок, пренесува германската новинска агенција ДПА. Нимиц во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ изјави дека во последно време владите на двете земји покажале дека сакаат да изнајдат решение за спорот.

Повеќе на темата: 

-Лавров: Русија ќе поддржи договор за името меѓу Македонија и Грција

-Македонско-грчкиот спор пред решение

-Почеток на маратонски консултации меѓу Скопје и Атина

Посредникот во спорот уште потврди дека поканил високи дипломати на двете држави на средба во седиштето на ОН во Њујорк. Таа треба да се одржи на 17 јануари, изјави Нимиц без да каже, кои имиња има намера да ги предложи како компромисно решение. 

Како што јавува ДПА, дипломати во Атина денеска поаѓаат од тоа дека посредникот на ОН би можел да го предложи името „Нова Македонија“.

ДПА уште потсетува дека на интервјуто на Нимиц за ЕРТ и на средбата во Њујорк им претходеше состанок на министрите за надворешни работи на двете земји, кој се одржа во Солун на 11 јануари. Министрите Димитров и Коѕијас се согласиле дека сакаат поинтензивно да работат на надминување на разликите во однос на името на Македонија.