1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов напад на Трамп против Германија

ЖА / агенции
3 јули 2018

Кратко пред самитот на НАТО во Брисел, американскиот претседател остро ја нападнал канцеларката Ангела Меркел поради германските ниски давачки за одбрана.

https://p.dw.com/p/30kIf
USA | Donald Trump trift japanischen Premierminister Shinzo Abe
Фотографија: picture-alliance/dpa/Newscom/P. Benic

Германските медиуми пренесуваат пишување на американските, според кое канцеларката повторно е во визирот на Доналд Трамп. „Согласно на она што го разговаравме за време на Вашата посета во април, во САД натамошно расте фрустрацијата што одделни сојузници ги немаат зголемено издатоците за одбраната според нивните ветувања“, е цитатот од писмото на Трамп до Ангела Меркел испратено во јуни, објавен во весникот „Њујорк тајмс“. „САД и натаму издвојуваат повеќе средства за одбраната на Европа, додека на економијата на континентот, вклучувајќи ја и Германија, добро ѝ оди, а безбедносните предизвици се разновидни. За нас ова веќе не е подносливо“, напишал Трамп. Германската влада реагираше воздржано на извештаите. Во поглед на безбедносно-политичките прашања, со САД се одржуваат тесни контакти, изјави владин портпарол. „Германската влада не се изјаснува јавно во поглед на содржината на доверливи разговори или соодветна коресподенција“, рече портпаролот. Слични писма како до Германија, Трамп испратил, според „Њујорк тајмс“, и до воените сојузници Белгија, Норвешка и Канада. Но, писмото до Меркел е срочено во најостар тон.

повеќе:  

Трамп ги опоменува партнерите од НАТО

Трамп веќе приреди скандал на претходниот самит на НАТО лани, кога остро ги искара сојузниците. Спротивно на очекувањата, тој во таа прилика не се повика на членот 5 од Повелбата на Алијансата, односно на меѓусебна поддршка, што претставува фундамент на воениот сојуз.

повеќе: 

Нападите на Трамп може да ѝ користат на Меркел

Во што се разијдуваат Германија и САД?

Европски дипломати, според извештај во „Форинг полиси“, стравуваат од тоа претстојниот самит на НАТО в среда и в четврток идната недела, поради непредвидливоста на Трамп, да прерасне во ново фијаско. Трамп, со свој твит, последно го торпедираше резултатот на средбата Г7. Кон тоа се надоврзува фактот што неколку дена по самитот на НАТО, американскиот претседател во Хелсинки се среќава со рускиот претседател Владимир Путин. Оваа средба исто така е повод за стравувања од евентуални отстапки од страна на Трамп, надвор од границите на досегашниот став на САД и Западот, слично на она што претседателот го направи кон Северна Кореја. „Форинг полиси“ цитира европски дипломат со зборовите: „Самит без крупни вести би бил добар самит“ во пресрет на НАТО-самитот. Во моментов, признава анонимниот дипломат, кај сите владее голем страв. 

Членките на Алијансата во 2014. година, реагирајќи на руската анексија на Крим, решија да ги зголемат одбранбените трошоци до 2024. година во висина од два процента од економскиот национален учинок. Германската НАТО-квота моментно изнесува околу 1,2 проценти, а според плановите на владата, до 2024. година ќе се зголеми на 1,5 проценти.