1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова влада во Србија, и веднаш нова изборна кампања

Ивица Петровиќ
21 октомври 2020

Србија ни четири месеци по изборите уште не ги знае имињата на министрите во новата влада. Претседателот Вучиќ ги соопшти целите на новиот кабинет, а конечниот состав го најави за крајот на неделата.

https://p.dw.com/p/3kEJS
Serbien Präsident Aleksandar Vucic und Ivica Dacic
Фотографија: Imago Images/Pixsell/S. Ilic

Веројатно беше логично и законски да се очекува дека мандатарот на новата влада Ана Брнабиќ ќе ги претстави целите на својот иден тим, но во Србија денеска за тоа повторно зборуваше претседателот на Србија и на Српската напредна партија, Александар Вучиќ. Наместо конечниот состав на владата, Вучиќ извести дека иден претседател на српското Собрание ќе биде Ивица Дачиќ, досегашниот министер за надворешни работи.

Дел од власта, исто така, ќе биде и Српскиот патриотски сојуз на поранешниот ватерполист Александар Шапиќ, кој ќе има и едно министерско место. Во владата ќе се најдат и припадници на малцинствата, но можеби и поважно од тоа е фактот што ова ќе биде влада со ограничено траење, бидејќи Вучиќ најави нови избори најдоцна до 3 април 2022 година.

Борба против мафијата - повторно

Претседателот на Србија наведе и 6 цели на новата влада: „борба против Ковид, борба за интересите на нашиот народ на Косово и на Метохија, борба против мафијата, зачувување на српската сувереност и независност, забрзување на реформите и продолжување на економскиот раст“. Најмногу внимание во медиумите предизвика најавената борба против мафијата, за која Вучиќ вели дека веќе се одвива, но оти отсега ќе биде уште пожестока и поупорна.

Deutschland Serbien Ana Brnabic zu Gast bei Merkel
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka

„Вучиќ повеќепати најавувал борба против мафијата и очигледно е оти и ова е само продолжение на неговата демагогија, бидејќи е јасно дека во Србија е висок растот на криминалот и на корупцијата во последните години. Ништо нема да биде од таа борба ни сега, бидејќи за Србија е карактеристична огромната поврзаност меѓу овие криминални организации од подземјето со власта“, укажува за ДВ новинарот Недим Сејдиновиќ.

Повеќе:

-Ана Брнабиќ - континуитет на Александар Вучиќ

-Победа на стабилократот Вучиќ

-Избори во Србија: Има ли друг освен Вучиќ?

„Повеќе би сакала Вучиќ да кажеше борба против корупцијата,бидејќи тоа беше основата на неговото експозе кога дојде на власт“, нагласува за ДВ Весна Малишиќ, заменик на главниот уредник на неделникот НИН. „Просто е неверојатно тоа што за 8 години на оваа власт никој не е процесуиран или уапсен и покрај безбројните корупциски афери кои ги имавме. Наместо тоа, сега добиваме приказна за тоа кој ги рекетира кафулињата и клубовите, нешто што добро звучи, но е без никаква содржина зад тоа“, вели Весна Малишиќ.

Чест или деградација?

Како извесно изненадување беше дочекана веста дека Ивица Дачиќ ќе биде претседател на парламентот. Иако тој изјави дека му е „чест што ќе биде претседател на Собранието на Србија“, овој потег веќе се оценува како голема деградација, како на самиот Дачиќ, така и на неговата Социјалистичка партија на Србија (СПС).

Ivica Dacic I serbischer Außenminister
Фотографија: Roman Pilipey/Pool/AP/picture-alliance

Собранието на Србија во изминатите 8 години стана обесмислена институција, во која беше важно да се спречи опозицијата да делува и јавно да зборува. Недим Сејдиновиќ тоа го гледа како спуштање на нивото на учество на СПС во власта.

„Претседателот на Собранието, како и самото Собрание, во еден систем во кој доминира извршна власт и еден човек, се целосно маргинализирани. Собранието нема да биде зајакнато со поставувањето на Дачиќ, дури би рекол дека тоа е некој вид понижување за СПС, што донекаде е и очекувано со оглед на нивниот лош изборен резултат“, оценува Сејдиновиќ.

„Дачиќ е во таква позиција што не смее ништо да одбие. Ќе видиме дали СПС ќе добие некои министерски места, но сметам оти на ова може да се гледа и како на некој вид деградација на Социјалистичката партија на Србија“, смета Весна Малишиќ.

Борба против десничарите и антиваксерите

Значителен дел од говорот на Александар Вучиќ се однесуваше на предупредувањето за многу високиот раст на популарноста на некои десничарски организации и политички актери кои „застапуваат антиваксерски, антиимиграциски и ставови дека земјата е рамна плоча“. Претседателот на Србија се обиде да звучи прилично загрижен за зголемената популарност на тие движења и во тој контекст го спомена само Слободан Радуловиќ, кој, според него, сигурно ќе влезеше во парламентот ако изборите се случеа сега.

Serbien Wahl 2020 | Protest vor Parlament
Фотографија: Reuters/M. Djurica

Нашите соговорници сметаат дека оваа изјава е многу цинична, бидејќи забележуваат дека владата буквално го помага или го игнорира постоењето на овие организации. Недим Сејдиновиќ вели дека „многумина му одговараат на Вучиќ, а некои одмараат под скутот на владата“. Во однос на нив, СНС се претставува како умерена политичка организација, што секако не е, бидејќи, особено во пониските делови на партијата, таа е прилично десничарска организација. Но, мислам дека сето тоа сега ќе се искористи пред светот само како опасно плашило против кое Вучиќ наводно се бори.

Весна Малишиќ додава дека „Вучиќ практично им обезбеди простор на сите тие десничарски и ултрадесничарски организации да растат и да се развиваат непречено“. Никој од владата не ги критикуваше или ги гонеше во бројни случаи кога ги кршеа човековите права и ги напаѓаа неистомислениците “.

Со оглед на тоа што Вучиќ изјави дека Ивица Дачиќ на неговата нова позиција треба да води дијалог со ваквите организации „со цел подобро да го разбере растот на нивната популарност“, Весна Малишиќ забележува дека тие можат да водат дијалог само со нив, бидејќи со никој друг. тие не можат да разговараат. И бидејќи ја протераа опозицијата, сега ќе направат претстава за Западот и таму ќе се обидат да направат некоја нова динамика и да имитираат некаков дијалог со оние движења и организации што треба да бидат некои од нивните наводни противници“, оценува Малишиќ.

Почеток на изборната кампања

Објаснувањата на претседателот на Србија зошто станува збор за влада со ограничено времетраење се комични, проценува Недим Сејдиновиќ и вели дека „сепак се забележува одреден притисок од Западот, откако се покажа дека повеќепартискиот систем во Србија беше укинат на последните избори“. Тоа е еден вид успех на бојкотот на опозицијата и треба да биде шанса за опозицијата да се избори за еднакви изборни услови “.

Весна Малишиќ обраќањето на Александар Вучиќ го смета за почеток на изборната кампања. „Јасно е дека тој не може да функционира без кампања, дека е премногу за него да чека четири години и оти оваа ситуација ми е добредојдена за прилично брзо да оди на нови избори “, заклучува Весна Маличиќ.