1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова ера за германските либерали

5 април 2011

На денешниот (05.04.) состанок на највисокото раководство на партијата, одлучено е на местото на Гидо Вестервеле да застане актуелниот министер за здравство, Филип Реслер. Конечната одлука ќе биде донесена во мај.

https://p.dw.com/p/10nqC
Министерот Реслер има виетнамско потеклоФотографија: dapd

Силен аплауз одекна откако министерот за здравство, Филип Реслер, соопшти дека ќе се кандидира за лидер на германските либерали. Тој нагласи дека сака да и` помогне на својата партија на патот кон освојување поголема доверба од гласачите. На денешниот состанок во Берлин е одлучено идниот наследник на Вестервеле да ја преземе и вицеканцеларската функција, со цел да располага со доволно моќ во рамките на владата на Ангела Меркел.

Филип Реслер ќе биде досега најмладиот претседател на ФДП. Дипломираниот доктор е министер за здравство од есента 2009 година, а претходно раководеше со ресорот за економија во покраината Долна Саксонија, каде истовремено беше и заменик-премиер.

Guido Westerwelle und Philipp Rösler 2009
Вестервеле со Реслер во 2009 годинаФотографија: picture alliance/dpa

Во Берлин беше одлучено Реслер да ја задржи позицијата во министерството за здравство, иако се отвори дебата, дали не би било подобро, доколку го преземе министерството за економија, што вообичаено му припаѓа на лидерот на либералите. Ресорот здравство се смета за помалку популарен. На крајот сепак се постигна согласност ветеранот Рајнер Бридерле да ја задржи фотелјата во министерството за економија, поради неговите блиски врски во стопанството, но и поради задоволување на барањата на постарите членови на партијата.

Актуелниот лидер на ФДП, Гидо Вестервеле, во неделата (03.04.) објави дека нема да се кандидира за уште еден мандат на чело на либералите, откако неговата партија доживеа порази на неколку покраинските избори.

Автор: ТТ/ЕМФ/ројтерс

Редактор: Симе Недевски