1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова надеж за Западниот Балкан

Бенјамин Парган Превод А.Трајковска29 август 2014

Kанцеларката Ангела Меркел им рaзбуди надеж на земјите од Западен Балкан за скорешен прием во ЕУ. Од интерес на Германија, и покрај сите проблеми, тоа не би требало да остане само привидна понуда, смета Бенјамин Парган.

https://p.dw.com/p/1D3St
Фотографија: Reuters

Земјите на Западниот Балкан мораат да имаат јасна и временски одредена европска перспектива. Таа не смее да пропадне во привидна перспектива, која редовно се сервира без уверување и како симболичен гест. И покрај сегашната замореност од проширувањето на германското население, германската влада мора активно да ја одржува перспективата за прием на овие земји. Тоа не е чин на милостина за сиромашните земји на југоистокот на континентот. Не, ова приближување кон ЕУ е природен интерес на Германија. Политички, стратегиски, безбедносно-политички и економски.

Ова мислење на Конференцијата за Западниот Балкан го застапуваа и емисарите на германското стопанство. Се разбира тие притоа размислуваат на сопствените предности и пред сѐ имаат интерес за нови пазари за пласман и места за продукција со евтина и добро обучена работна сила. Вакви изјави имаат и силно политички влијание, бидејќи шефовите во стопанството не се плашат дирекно да ги наведат многуте проблеми: недостигот на правната држава, борбата против корупцијата против своја желба, недоволната сигурност при инвестиции и лошата инфраструктура во земјите на Западниот Балкан. Претставниците од стопанството се многу погласни при барањето на неопходните реформи и малку се интересираат за дипломатските обичаи. И затоа е важно што економските прашања беа тежиште на конференцијата. Високата невработеност, значителните социјални проблеми и сиромаштијата се најголемата опасност за политичката стабилност на многу држави на Западниот Балкан.

Истовремено во никој случај не би требало да биде потценето стратешкото и политичко значење на скорешно приближување на овие земји кон ЕУ. Со оглед на драматичниот развој во Украина, досегашната слаба заинтересираност на Берлин за можниот пристап во ЕУ на овие земји е уште помалку сфатлив. Ваквиот став беше контрапродуктивен и затоа јасно најавената поддршка од канцеларката е нова надеж за целиот регион.

Pargan Benjamin Kommentarbild App NICHT MEHR VERWENDEN
Бенјамин ПарганФотографија: DW/P. Henriksen

Некои од државите на Западниот Балкан во изминатите години се обидоа да доведат инвестиции и поддршка од други страни на светот. И истата и ја добија. Од Русија, Кина, Турција и арапските земји. Србија е најдобар пример за тоа, а сличен развој се набљудува и во Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора. Ова не смее да им се земе за зло на земјите. Состојбата на нивните пазари на трудот е толку лоша, што секоја инвестиција се прифаќа со благодарност и без многу потпрашања. Освен тоа новите партнери не поставуваат непријатни прашања за демократијата и слободата на печатот.

Дотолку поважни се сегашните ветувања од Берлин, да се пружи повеќе конкретна поддршка, да се помогне во големите инфраструктурни проекти и земјите кои сѐ уште не се во ЕУ, економски и политички да се врзат за Унијата. Тоа нема да биде лесно, бидејќи ова приближување може да успее само со целосна поддршка на владите во овие земји. И токму ова, покрај замореноста од проширувањето во старите земји членки, се чини дека е најголемиот проблем. Некои членови на владите, кои беа гости на Конференцијата за Западниот Балкан се чини дека се сѐ друго освен доверливи парнери за Берлин и Брисел. Многумина се корумпирани, и тоа може да се докаже. Некои членови на владите, и тоа и високорангирани, во Берлин честопати го раскажуваат она што парнерите сакаат да го чујат, а потоа дома продолжуваат со политка која нема никаква врска со европската интеграција. Некои дури во изминатите години од голема европска надеж се развија во мал диктатор. На овие луѓе треба јасно да им се стави до знаење дека евтиниот популизам, и туторството над медиумите не води кон целта. Останува да се надеваме дека германските домаќини ги поставиле и непријатните прашања. На пример за секојдневнотот непочитување на правата на малцинствата во многу држави на Западниот Балкан. И да се недеваме дека гостите сфатија дека слепиот национализам и подбуцнувањето против хомосексуалците не припаѓаат кон многу пропагираните европски вредности.

Јасната перспектива за пристап за земјтие од Западен Балкан која ја подвлече германската канцеларка е и останува смела најава. Останува отворено дали кандидатите за пристап можат и сакаат да ги завршат домашните задачи во догледно време. На другата страна на масата вчера во Берлин седеа многу владини претставници, кои многу добро знаат за загриженоста на германскиот народ. Ним им е јасно дека сериозно мораат да ја сфатат оваа загриженсот и дека големиот борј баратели на азил од Македонија и Србија како и т.н. доселеници од сиромаштинја до Бугарија и Романија предизвикуваат натамошни стравови и предрасуди. Толку пропагираната европска перспектива за земјите од Западен Балкан, за германската влада би можела да се развие во вистинска безизлезна ситуација.