1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спасувањето на малиот Хајдар неуспешно

СН/агенции
18 февруари 2022

Повторно дете падна во бунар овојпат во Авганистан. Шестгодишиот Хајдар три дена беше заглавен на дното на бунар. Сите обиди да биде спасен пропаднаа. Детето беше извлечено мртво од бунарот.

https://p.dw.com/p/47EHJ
Marokko | fünfjähriges Kind in Brunnenloch | Rettungseinsatz in Chefchaouen
Фотографија: Thami Nouas/REUTERS

Почина шестгодишното момче Хаидар кое пред три дена падна во бунар длабок повеќе од 20 метри во провинцијата Забул на југот од Авганистан.

Спасувачките екипи на терен ископале тунел за да стигнат до момчето. Шарадат Вијал, заменик началник за култура во Забил, изјави за новинарите дека стигнале до телото на момчето кое падна во бунар пред три дена. Тој нагласи дека медицинските екипи интервенирале, но и покрај сите напори мочето починало. Вијал рече оти локалните власти и медицинските лица сториле сѐ што е можно да се спаси детето кое падна во бунар полабок од 20 метри.

Министерството за внатрешни работи на талибанската привремена влада на социјалните мрежи изрази сочуство до семејството на детето и до авганистанскиот народ по повод овој случај.

Две недели пред овој случај почина петгодишното момче Рајан во Мароко кое, исто така, падна во бунар.