Новак Ѓоковиќ и натаму отфрла вакцинација
15 февруари 2022Интервјуто за Би-Би-Си е прво јавно опширно изјаснување на Новак Ѓоковиќпо настаните на Австралија Опен. На прашањето дали поради својот став околу вакцинирањето би го жртвувал учеството на грен слем турнири како Ролан Гарос или Вимблдон, 34-годишниот тенисер одговара: „Да, тоа е цената која сум подготвен да ја платам.“
Ѓоковиќ појаснува дека како дете бил вакциниран и тврди: „Никогаш не бев против вакцините“. Но, додава дека сака да има слобода да одбере што ќе внесе во телото. Тој нагласува дека не жали за одлуките пред одржувањето на Австралија Опен, „затоа што принципите за носење одлука за моето тело се поважни од секоја титула или што и да е друго“.
Ѓоковиќ исто така наведува дека би можел да си претстави да се вакцинира во иднина, „затоа што заеднички мора да се обидеме да најдеме најдобро можно решение за му да ставиме крај на Ковид“. Сепак, тенисерот изразува надеж дека прописите за вакцините на одредени турнири ќе се променат и дека тој ќе може да игра „уште многу години“.
- повеќе: Србија: Сага околу националниот херој Ѓоковиќ без критички прашања
Откако мораше да ја напушти Австралија, Ѓоковиќ се враќа на турнеја со учеството на тенискиот турнир во Дубаи, наредната недела.