1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нови 162 заразени од Ковид-19 и 9 починати пациенти

14 јуни 2020

Вирусот продолжува да се шири во Скопје и Тетово со несмалено темпо, но и во Ресен каде долго немаше ниту еден случај. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 2,159 од кои повеќе од половината во Скопје.

https://p.dw.com/p/3dkbb
Nordmazedonien | Coronavirus | Pandemie
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Бројот на новозаразени со коронавирусот во земјата продолжува да се зголемува со несмалено темпо и во последното деноноќие. Најголемиот број нови случаи повторно се регистрирани во главниот град- 92, а кривата и натаму оди по нагорна линија во Тетово со 32 случаи, но и во Ресен каде се евидентирани 14 заразени од Ковид-19. Девет пациенти починале на клиниките во Скопје, и во болниците во Прилеп, Тетово, Охрид и Гостивар.
Од направени 778 тестови регистрирани се 162 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-92, Тетово-32, Ресен-14, Дебар-5,  Охрид-4,Куманово и Струга по 3, Прилеп и Гостивар-2, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка, Свети Николе и  Штип по еден случај.
Лидери според бројот на активни случаи се Скопје со 1,210, Тетово со 239, во Куманово има 221 случај и во Штип 196.
На Инфективната клиника во Скопје вкупно хоспитализирани се 96 пациенти од кои на кислородна поддршка се 35 лица. Во Градската болница „8 Септември“ денеска бројот на пациенти се зголеми за 15 нови, или вкупно 77 хоспитализирани. Од нив на респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 20 пациенти. Во останатите болници низ земјата хоспитализирани се вкупно 105 пациенти.